Услови за комбинирано осигурување 2018-11-12T13:33:51+00:00

УСЛОВИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА СТАНОВИ И СТВАРИ ВО ДОМАЌИНСТВО

 

I. ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ ВО ОВИЕ УСЛОВИ:

  1. 1. ОСИГУРУВАЧ – ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
  2. ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ – лице кое со осигурувачот склучува договор  заосигурување;
  3. ОСИГУРЕНИК – лице на кого имотот му е осигурен и кому припаѓаат правата од осигурувањето;
  4. ПРЕМИЈА – износ кој се здружува, односно плаќа за осигурување по договор за осигурување;
  5. СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ – износ на кој имотот, односно имотниот интерес е осигурен, ако од содржината на договорот за осигурување не произлегува нешто друго;
  6. ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ – потврда која привремено ја заменува полисата;
  7. ПОЛИСА – документ на договорот за осигурување.
  8. ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ – иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот и/или договорувачот на осигурувањето настан заради кој се склучува осигурувањето.

II. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Предмет на осигурување

Член 1

 

Предмет на осигурување по овие услови се;

1) Станбени објекти (станови и индивидуални згради) како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење (во натамошен текст: станбени објекти).

2) Стварите на домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство. Во ствари на домаќинството се сметаат:

–    стварите кои служат за уредување настанот;

–    стварите за личнаупотреба.

3) Со осигурување се опфатени и:

–    готовипари;

–    уметничкипредмети;

–    хартии одвредност;

–    скапоцености избирки.

Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени, вѕидани сефови, каси и сл.

4) Трошоците за нужно сместување на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден заживеење.

5) Одговорност за штети причинети од трети лица, со исклучок на изливање на вода од водоводна, канализациона и топловодна инсталација.

Ако посебно се договори и плати доплатна премија по овие услови може да се направи и осигурување од:

1) одговорност за штети причинети спрема трети лица;

2) одговорност од трети лица од изливање на вода од водоводна, канализациона и топловодна инсталација.

По овие услови предмет на осигурување не можат да бидат: составни уреди во зградата (хидрофори вон состав на зграда, бунари, цистерни за вода и сл.) моторни возила, велосипеди со помошен мотор, приколки и сите видови пловни објекти, работни машини, разни видови оружје, резерви на материјал и стоки кои служат за вршење на занаетчиска и друга дејност, необработени благородни метали и необработени скапоцени камења, животни намирници.

Ствари во постојано ненаселени станбени и други објекти не се предмет на осигурување по овие услови од ризикот провала кражба и разбојништво.

Ако посебно се договори и плати додатна премија, се дава осигурителна заштита од провална кражба и разбојништво за викенд куќички.

 

Осигурени опасности (ризици)

Член 2

 

Осигурувачот е во обврска да надомести штети предизвикани од уништување или оштетување на осигурените објекти и ствари од член 1 на овие услови и тоа од: Основни опасности (ризици)

–    пожар;

–    удар нагром;

–    експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивнаконтаминација;

–    луња

–    град;

–    одговорност;

–    манифестација идемонстрација;

–    паѓање на воздушнилетала;

–    излевање   на  вода   од   водоводни и  канализациони  инсталации и  уреди  и  цевки  за толловодниинсталации;

–    провалнакражбаиразбојништво,освенвоненаселенистанови.Ненаселенистановиво смисла на овие услови се станови кои се ненаселени без прекин најмалку шест месеци Ако посебно се договори и плати додатна премија, осигурувачот е во обврска даисплати

надомест и во случај на штета од дополнителни опасности (ризици) и тоа:

–    поплава, порој и високиводи;

–    лизгање и одронување наземјиште;

–    снежналавина.

Обем на опасност од пожар

Член 3

 

Како пожар, во смисла на овие услови, се смета оган настанат вон местото определено за палење и оган кој ова место го напуштил и можел понатаму да се развива со свој ата сопствена сила.

Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да надомести штета:

1) ако осигурената ствар е уништена поради изложување на корисен оган или топлина заради обработка или во други цели (на пример: при пеглање, сушење, пржење и сл.) или поради паѓање или фрлање во огниште (печка, шпорет исл.);

2) ако на осигурената ствар настане штета со осмадување, опрлување или со прегорување  од цигари, пура, справа за осветлување, електричен греач, жар исл;

3) ако настане штета на осигурена ствар поради самозапалување, вриење или загревање, варење, чадење и сл.

4) ако бидат уништени или оштетени осигурени електрични машини, апарати (вклучувајќи аларати за готвење,  пеглање, греење,  кревети, радиоапарати,  телевизиски приемници,

лампи, сијалици и сл.) или електрични водови поради дејство на електрична енергија, пренапон или загревање поради преоптоварување,

атмосферско влијание и слични појави поради тоа што таквите штети се сметаат за погонски. Мегутоа, опфатени се и штети од пожар кој би настанал од дејство на електрична енергија и кој после престанувањето на тоа дејство самостојно се развивал;

5) ако   поради  пренапон   или   прејака  струја    бидат    оштетени   заштитни осигурувачи било од кој вид, заштитни  прекинувачи, одводници.  громобрани  и слични уреди во вршење на нивната нормалнафункција.

Обем на опасности од удар на гром

Член 4

 

Осигурувањето од опасност од удар на гром, во смисла на овие услови, ги покрива штетите на осигурените ствари предизвикани од дејство на сила или топлина на гром. Со осигурувањето не се опфатени штета предизвикани со пренесување на електрична енергија преку водови како последица на удар од гром.

Обем на опасност од експлозија

Член 5

 

Како експлозија, со смисла на овие услови, се смета ненадејно пројавување на сила заснована на тежнение на пареа или гасови за проширување.

Експлозија на садови (казани, цевки, печки и сл.) постои само тогаш кога ѕидовите на садот се во толкава мерка искинати што настанува моментно изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок. Со осигурувањето не се опфатени штетите:

1) што се последица на намалување на притисокот во садот (имплозија);

2) на стварите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат во рамките на неговата дејност или во рамките на дозволената дејност на трети лица.

3) од експлозија од биолошки карактер;

4) од нуклеарна експлозија;

5) поради експлозивно издувување на печки и слични уреди;

6) од експлозија поради дотраеност, појава на истрошеност или стареење, макар и прерано, или од прекумерна наслага на рѓа, каменец, талог, тиња на осигурените ствари, но се исплатува надоместок во случај на штета на други ствари во врска со настанатата експлозија.

 

Обем на опасности од луња

Член 6

 

Како луња, во смисла на овие услови, се смета ветер со јачина 17,2 метри во секунда, односно 62 км на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.

Ќе се смета дека дувал ветер од оваа јачина во крајот каде  се наоѓаат осигурените ствари, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил добро одржувани градежни објекти. Во случај на сомневање осигуреникот мора да ја докаже јачината на ветерот со извештај од хидрометеоролошката служба.

Штетите од луња се опфатени со осигурувањето само ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените предмети;

1) со непосредно дејство на луњата;

2) со директен удар на соборени или носени предмети од луњата; Со осигурувањето од луња не се опфатени штетите:

1) од навлегување на дожд, град, снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори што постојат во станот односно зградата или се настанати поради неправилно изведена кровна конструкција или дотраеност на истата, како и дотраеност на изолација на кровна конструкција.,неквалитетно изведени работи на градежната столарија, освен

ако отворите настанале од луња, како и штети од дожд и други врнежи на стварите за домаќинството на слободен простор или во коли за превоз на ствари или преселување.

2) на ствари во градежен објект кој не бил изграден според вообичаениот начин на градење во тоа место или кој е слабо одржуван или е дотраен,односно неправилно изведена кровна конструкција или дотраеност на истата, како и дотраеност на изолација на кровна конструкција.

Обем на опасност од град

Член 7

 

Со осигурувањето се опфатени штетите од уништување, односно оштетување на осигурените ствари што се предизвикани од удар на градот.

Опфатени се и штети од навлегување на град и дожд низ отвори настанати од паѓање на град.

 

Обем на опасност од провална кражба

Член 8

 

Со осигурување се опфатени штети од провална кражба или оштетувања на ствари причинети при провална кражба.

Провална кражба, во смисла на овие услови, се смета кражба ако нејзиниот извршител: 1)   провали  во заклучени  простории  во станот  во  кој се  наоѓаат  осигурените стварисо

разбивање или обивање на врати и прозорци, односно провалување на таваници, ѕидови

и подови;

2) ја отвори заклучената просториј а во станот со лажен клуч или со некое друго средство што не е наменето за редовно отварање,

3) провали во заклучено сместувалиште во станот во кој се наоѓаат ствари, ако до сместувалиштето дошол со едно од дејствијата кои по одредбите на овој член се квалификувани како провална кражба;

4) незабележано се вовлече во станот или се скрие во него и изврши кражба во време кога станот е заклучен;

5) ги отвори заклучените простории  во станот и сместувалиштето со  вистински клучеви  или со нивните дупликати, доколку до клучевите дошол со едно од дејствијата наведени во точка 1), 2), 3), 4) и 6) од овојчлен.

6) влезе во заклучени простории во станот преку отворот кој не е за тоа определен совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување без напор.

7) За провална кражба се смета кражба на ствари на балкони и лоѓии како и од станови на катови со скокање низ отворен прозор на катовите.

Осигурувачот е во обврска во случај на штети од извршената провална кражба или од обид на провална кражба да исплати надомест од осигурувањето ако во тој случај осигурените ствари се однесени, уништени или оштетени според член 16 од овие услови со исклучок на подолу наведените ствари за кои во поглед на надоместокот се применуваат следните одредби:

1) за готови пари:

– ако се заклучени во сместувалиште кое е нарочно обезбедено од провална  кражба  (вѕидани сефови, железни каси) до износ на денарска против вредност од 1.500 ЕУР, во колку не е договорен поголемизнос;

2) за скапоцености, накит нумизматички или филателистички збирки:

–    ако се наоѓаат во сместувалиште што е нарочно безбедно од провалнакражба(сефови, железни каси) до износот на денарска противвредност од 3.000 ЕУР; Осигурување на поголем износ може посебно да седоговори:

3) за уметнички предмети:

–    до износ од денарска противвредност на 500ЕУР.

4) за ствари  на  домаќинство освен  оние   кои  се   наброени   во  подточката 4 од  овааточка.

– сместени во визба, таван и во шупа, ако нивната поединечна вредност  изнесува  во денарска противвредност од 150 ЕУР со тоа да вкупната обврска на осигурувачот по еден штетен настан изнесува најмногу до износ на денарска противвредност од 400 ЕУР.

По исклучок, осигурувачот е во обврска да надомести штета која е настаната поради извршена или обидена провална кражба на градежни делови (ѕидови, брави и сл.) во висина на трошоците за поправка, а најмногу до износ на денарска противвредност од 400 ЕУР.

ЗАБЕЛЕШКА: Денарската противвредност на ЕУР се смета по средниот курс на Народната Банка на Република Македонија на денот на склучување на осигурувањето.

Не се смета за провална кражба во смисла на овие услови:

1) скокање низ отворен прозорец во ниско приземје (до висина 1,60 м.,сметајќи од земјата  до долниот раб напрозорецот);

2) ако провалната кражба ја извршило лице кое живее со осигуреникот во  заедничко  семејно домаќинство или во кражбата учествувало како соизвршител илисоучесник.

Обем на опасност од разбојништво

Член 9

 

Разбојништво во смисла на овие услови, се смета одземање на осигурени ствари со примена на сила или застрашување по животот или здравјето на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.

За штети од разбојништво, согласно се применуваат одредбите од членот 8 точка 7 од овие услови.

 

Обем на опасност од одговорност

Член 10

 

Осигурувањето се однесува на одговорноста на осигуреникот за штети причинети на трети лица од осигурените ризици од член 2 во висина од 5% од сумата на осигурување на градежниот дел.

Осигурувањето покрива одговорност за штета за секој одделен случај до осигурениот износ од 5 % од сумата на осигурување на градежниот дел.

 

Обем на опасност од поплава, порои и високи води

Член 11

 

Поплава, во смисла на овие услови, се смета стихијно неочекувано плавење на терен од постојани води (реки, езера и др.) поради тоа што водата се излила од коритото или провалила обранбени насипи или брани, како и излевање на вода поради бранови со невообичаена сила.

Со осигурувањето од поплава опфатени се само штети предизвикани на осигурени ствари за време додека поплавата трае и непосредно после повлекувањето наводата.

Порој се смета стихијно неочекувано плавење на терени од водена маса која се образува на низбрдни терени поради силни атмосферски врнежи и се слива на улици и патишта.

Со осигурувањето не се опфатени штети од:

1) габички поради влага;

2) плавење поради излевање вода од олуци и цевки за одвод на дождовница.

3) Неправилно изведена или дотраена кровна конструкција и/или нејзина изолација

 

Обем на опасност од излевање на вода од водоводни и канализациони цевки

Член 12

 

Излевање  на вода  од  водоводни и канализациони цевки  во смисла на  овие  услови се смета:

1) неочекувано излевање на вода од водоводни и канализациони цевки како и од уреди за греење на простории со топла вода и пареа, поради кршење или прскање на тие цевки,односно уреди;

2) неочекувано излевање вода или пареа од уредите за топла вода или парно греење поради кршење, или прскање цевки, односно грејни тела (радијатори).

Осигурувањето од опасност излевање вода од водоводни и канализациони цевки опфаќа и штети на молерајот и на тапетите.

Со осигурувањето не се опфатени штети:

1) од излевање вода од апарати и уреди кои се приклучени на водоводната мрежа (машини  за перење на алишта, машини за перење на садови, од дотрајани казани, бојлери исл.).

2) од излевање на вода од отворени славини;

3) од габички поради влага;

4) загуба на вода;

5) прскање на цевки поради мраз (замрзнување) настанато на самите водоводни цевки и канализациони и топловодни цевки и уреди.

6) настанати како последица на неодржување на водоводната и  канализациона  мрежа, уреди за греење со топла вода и парно греење, како и непреземање мерки за заштита од мраз од страна наосигуреникот.

 

Обем на опасност од лизгање на терен

Член 13

 

Лизгање на терен, во смисла на овие услови, се сметаат ненадејни геолошки движења на земјишната површина на коси терени, со јасни манифестации на кршење на површината на тлото и урнување кои со појава на јаки деформации и широки пукнатини на градежни објекти настануваат во кус временски период. Со осигурувањето од лизгање на терен не сеопфатени:

1) штети од геолошко лизгање ако тлото на кое се наоѓа градежниот објект веќе почнало геолошки да се лизга во моментот на склучувањето на осигурувањето:

2) штети од лизгање на тлото предизвикани од дејност на човек (на пример; поради засекување на тлото и сл.);

3) штети од слегување на тлото (улегнување).

 

Обем на опасност од одронување на земјиште

Член 14

 

Како одронување.во смисла на овие услови, се подразбира откинување и уривање на парче цврст материјал како геолошка појава.

Се смета дека настанал осигуран случај од одронување на осигурени ствари само тогаш ако парче од цврст материјал што се одронило ја удрило осигурената ствар и ја уништило или оштетило.

 

Обем од опасност од снежна лавина

Член 15

 

Под снежна лавина, во смисла на овие услови, се смета снежна маса во движење која се откинала од планинските страни.

Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејство на воздушниот притисок од снежната лавина.

 

Вредност на осигурените предмети

Член 16

 

Вредноста на осигурените ствари од член 1 на овие услови се утврдува:

1) за градежниот дел на станбениот објект според големината на нето метри квадратни, квалитетот на градењето (масивна или останата градба) локалитетот и староста на објектот, а не помала од 2/3 од пазарната цена по метар квадратен;

2) за стварите во станбениот објект најмалку во висина од 30% од пазарната вредност за градежниот дел на станбениот обј ект;

3) одговорноста се утврдува на 5% на вредноста на градежниот дел на станбениот обј ект;

4) трошоците за нужно сместување се утврдуваат на 3% од вредноста на градежниот дел на станбениот обј ект;

5) ако осигурените ствари се потполно уништени, а осигуреникот не може да ја докаже нивната година на набавка, осигурувачот е обврзан да надомести штета најмногу до 50% од набавната вредност на новите ствари исти по вид и квалитет како уништените, но најмногу до осигурената сума, освен кај стварите од член 8 (точка 7 со подточките 1, 2 и 3).

ЗАБЕЛЕШКА: Според видот на градбата на зградите се делат на МАСИВНИ, ако надворешните ѕидови се изведени од камен, печена тула, бетон, бетонски блокови, костур од армиран бетон, челик обложен со огноотпорен материјал, испуна од тула, камен, бетонски блокови.

Покрив од керамиди, етернит, салонит, лим, армиран бетон со термичка и хидро изолација.

Кај ОСТАНАТАТА градба надворешните ѕидови се изведени од дрвен костур, челичен костур со испуна од лесни плочи (салонит, етернит) или со лесни бетонски блокови (сипорекс, хераклит) или ако надворешните ѕидови се од лесни несогорливи елементи.

Кровната конструкциј а дрвена или челична. Покривот од керамиди, етернит, салонит и лим.

ЗАБЕЛЕШКА: По овие услови не можат да бидат осигурени објекти покриени со покривач од слама, трска, дрво и др.

Сума на осигурување

Член 17

 

Сумата на осигурување на предметите од член 1 на овие услови ја одредува осигуреникоти осигурувачот и таа не може да биде помала од вредноста утврдена согласно член 16 од овие услови.

Сумата на осигурување од став (1) на овој член се определува согласно член 5, став 1, точка 1 и 2 од општите услови за осигурување на имоти.

Во полисата за осигурување посебно се искажуваат осигурените суми за градежниот  дел, стварите, одговорноста спрема трети лица и трошоците за нужносместување.

Место на осигурување

Член 18

 

Место на осигурување се смета местото означено во полисата. Осигурувањето важи за секој осигурен стан на територијата на Република Македонија, според Одлуката за распоред на класа на заштитни мерки по градови како и за време на преселување во друг стан, ако стварите се наоѓаат во покриени товарни возила за превоз на стварите.

Утврдување надоместок од осигурувањето

Член 19

 

При настанување на осигурен случај, висината на надоместокот се утврдува;

1) во случај на уништување на станот, до сумата на осигурување во смисла на член 17 од овие услови намалена за износот на проценетата амортизација и вредноста  на остатоците:

2) во случај на уништување на стварите во станбениот објект, до сумата на осигурување со смисла на член 17 од овие услови, намалено за износот на проценетата амортизација и вредноста на остатоците;

  1. во случај на оштетување на станбениот обј ект, во висина на трошоците за поправка, но најмногу до сумата на осигурување;

3) во случај на оштетување на стварите (делумна штета) во висина на трошоците за поправка но најмногу до сумата на осигуренатаствар;

4) во случај на остварување на ризикот од провална кражба и разбојништво во висина до стварно причинетата штета, но најмногу до сумата на осигурените ствари.

5) процентот на амортизација се утврдува по следната табела:

Стапки на амортизација за станбените згради сопственост на граѓаните Процентите со кои треба да се намали новата вредност на станбените и на другите згради  поради старост идотраеност.

Година на веројатно траење назградата

Год.на
Старост ДО

20 30 40 50 60 70 80 90 100 110 120 и повеќе
5 12% 8% 5% 4% 3% 3% 3% 2% 2% 2% 2%
10 30% 18% 12% 10% 8% 6% 5% 8% 4% 4% 3%
15 52% 30% 21% 16% 12% 10% 9% 8% 7% 6% 5%
20 80% 44% 30% 22% 18% 14% 12% 11% 10% 8% 8%
25 61% 41% 30% 23% 19% 16% 14% 12% 11% 10%
30 80% 52% 38% 30% 24% 21% 18% 16% 14% 12%
35 65% 48% 37% 30% 25% 22% 19% 17% 15%
40 80% 58% 44% 36% 30% 25% 22% 20% 18%
45 68% 52% 42% 35% 30% 26% 23% 21%
50 80% 61% 48% 41% 34% 30% 26% 23%
55 71% 55% 47% 39% 34% 30% 27%
60 80% 64% 52% 44% 38% 34% 30%
65 72% 59% 49% 43% 37% 33%
70 30% 65% 54% 48% 42% 37%
75 72% 64% 52% 46% 41%
80 80% 66% 58% 50% 44%
85 73% 63% 54% 48%
90 80% 68% 59% 52%
95 74% 64% 56%

За зградите што според оваа таблица го поминале свој от верој атен век отпис од најмногу 80%.

 

Пренесување на правото на осигуреникот спрема одговорното лице врз осигурувачот

(право на суброгација)

Член 20

 

Со исплата на надоместот од осигурувањето се пренесуваат врз осигурувачот, по самиот

закон, до висината на исплатениот надомест, сите права на осигуреникот спрема лицето кое по која било основа е одговорно за штетата.

Ако по вина на осигуреникот е оневозможен овој премин на правото врз осигурувачот  во потполност или делумно, осигурувачот се ослободува во соодветна мерка од своите обврски спремаосигуреникот.

Пренесувањето на правата од осигуреникот врз осигурувачот не може да биде на штета на осигуреникот, па ако тој надомест, што осигуреникот го добил од осигурувачот, од која било причина е помал од штетата што ја претрпел, осигуреникот има право од средствата на одговорното лице да му се исплати остатокот на надоместот пред исплатата на побарувањата од осигурувачот по основ на правата што му се пренесени.

Исклучиво од правилата за пренесување на правата на осигуреникот врз осигурувачот, овие права не се пренесуваат врз осигурувачот ако штетата ја причинило лице во сродство во права линија со осигуреникот или лице за чии постапки осигуреникот одговара или кое живее

со него во исто домаќинство, или лице кое е работник кај осигуреникот, освен ако тоа лице штетата ја предизвикало намерно.

Меѓутоа, ако некои од лицата споменати од претходниот став биле осигурени од одговорност, осигуреникот може да бара од неговиот осигурувач надомест на износот што му го исплатил на осигуреникот.

III. ДРУГИ ОДРЕДБИ

Начин на поднесување на оштетно побарување

Член 21

 

Осигуреникот/корисникот на осигурување има право да поднесе оштетно побарување до Осигурувачот кое задолжително се доставува во писмена форма до Генералната дирекција на Друштвото, на адреса на седиштето на Друштвото упишана во податоците на Друштвото во Централниот регистар на РМ, и тоа лично или по пошта.

Доколку договорот за осигурување е склучен преку Осигурително брокерско друштво, во случај на настанување на осигуран случај, при поднесување на оштетното побарување, осигуреникот може да побара помош од Осигурително брокерскотодруштво.

 

Орган надлежен за супервизија во осигурување

Член 22

 

Осигуреникот/корисникот на осигурување има право да поднесе жалба, односно приговор во однос на работењето на Осигурувачот, како и во однос на работењето на Осигурително брокерското друштво, Друштво за застапување во осигурувањето и/или Застапник во осигурувањето (доколку договорот за осигурување е склучен со посредство на некој од овие субјекти) до Агенцијата за супервизија во осигурување на РМ како надлежен  орган за супервизија воосигурувањето.

 

Вонсудско решавање на спорови

Член 23

 

Доколку осигуреникот/корисникот на осигурување смета дека му се нарушени одредени права кои произлегуваат од договорот за осигурување, а во согласност со Општите и посебните услови кои се составен дел на договорот, или законската и подзаконската регулатива,  истиот има право да поднесе претставка до Друштвото.

Претставката се доставува задолжително во писмена форма до Генералната дирекција на Друштвото, на адреса на седиштето на Друштвото, наведена во Решението за регистрациј а од Централниот регистар на РМ, по пошта или лично, по што истата се заведува во деловодна  книга за преставки, а на осигуреникот доколку го поднесува барањето лично во Генералната дирекција му се дава потврда за приемот и деловоденброј.

 

Член 24

 

Претставката со комплетната документација се доставува до Директорот на Дирекцијата за ликвидација на штети и регреси, кој по запознавањето со содржината на истата, ја доставува до Техничкиот референт за штети.

Техничкиот референт за штети ја обезбедува од соодветниот вработен во Друштвото, соодветната документација (оштетно побарување, полиса, регресно побарување и сл.) и веднаш претставката ја евидентира во Регистерот на претставки, а документацијата ја чува кај себе до првата седница на Комисијата за вонсудско решавање на спорови.

Член 25

 

Комисијата за вонсудско решавање на спорови одржува редовни седници секој понеделник во термин кој го определува Претседателот на Комисијата, а може и друг ден во седмицата да одржат вонредна седница, во зависност од бројот на доставени претставки.

Доколку е потребна дополнителна документција за решавање по оштетното побарување, вработените од кои се бараат податоци и образложенија по преставките имаат рок од 7 календарски дена (до наредна седница на Комисијата) да достават писмен предлог по преставката до Комисијата, а 14 дена доколку е побарана дополнителна документациј а од подносителот на претставката.

 

Член 26

 

Врз основа на добиената документација и писмен предлог, Комисијата во рок од 30 дена од приемот на претставката, донесува Одлука која во писмена форма се доставува до подносителот на преставката, односно осигуреникот/корисникот на осигурување.

IV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 

Член 27

За споровите кои нема да бидат успешно вонсудски решени, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Член 28

 

Овие Услови ги донесе и усвои Одборот на директори на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје на ден 12.02.2014 година.

 

Важност на општите услови за осигурување

Член 29

 

На осигурувањата склучени по овие услови се применуваат и општите услови за осигурување имоти доколку не се во спротивност со овие посебни услови.