Во петок обично ве запознаваме со тимот на нашата компанија и разговараме со нашите колеги во СН Осигурителен Брокер. Но, денешниот повод е денот на жената, па токму затоа ги собравме најдобрите цитати од нашите успешни жени, мотивирачки мисли за успехот и за нашата работа поврзана со осигурувањето. Се гордееме со нашите дами и повторно забележуваме: „Секоја жена има своја приказна, а во сите тие приказни, кружи една заедничка цел. Да успееме! “
„Жените со знаење и моќ ги рушат предрасудите во бизнис сферата“ – ќе рече Николина Таневска, извршен директор на СН Осигурителен Брокер, а останатите жени од тимот на СН Осигурителен Брокер, се придружуваат со силни и моќни цитати:
„Секој предизвик значи можност за уште поголем развој!“ – Александра Петровска Кулевска, раководител на експозитури и администрација
„Одговорноста е најголемиот квалитет. Значи темпо, акција и упорност!” – Симона Ангеловска, администратор во сектор Приватно Здравствено Осигурување.
„Оние кои успеваат, тоа ѝ го должат на упорноста!“ – Емилија Десановска, менаџер на сектор доброволно приватно здравствено осигурување.
„За да успееш како жена, треба да умееш и машки да чекориш!“. Александра Дуковски , деловен асисистент во кабинет на извршни директори.
„Успешните луѓе се доживотни ученици со големи соништа!“ – ќе рече Александра Танатарец, Раководител на Сектор за наплата во СН Осигурителен Брокер.
„Живеј го животот што го сакаш, сакај го животот што го живееш“ – Евгенија Миленкова – Сектор финансии, сметководство – СН Осигурителен Брокер.
„Успехот не се мери со позицијата која си ја достигнал туку со препреките и падовите кои си ги поминал по патот“ – Елена Трајчевска Павловска, раководител на сектор за правни работи, СН Осигурителен Брокер.
„Тимот е приказната што треба да те инспирира!“ – Симона Мијаличиќ – референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.
„Успехот ќе се случи бидејќи ќе направиме да се случи!“ – Поли Думовска, референт за продажба, експозитура Ресен.
„Она што го претставуваме е вистинскиот избор кој ќе ве штити и во најголемите невремиња.“ – Викторија Ѓорѓиоска Ефтинџиоски, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.
„Соништата им се остваруваат само на најголемите сонувачи!“ – Верче Цветаноска референт за продажба во СН Осигурителен Брокер, експозитура Струга.
„На крај, најважно е да знаеме дека назад имаме успешно сработен ден“ – Наташа Илиевска – Сектор администрација, опслужување на експозитури, СН Осигурителен Брокер.
„Позитивна енергија, насмевка и љубов кон работата! – Три нешта кои ја прават оваа наша приказна најуспешна!“ – Наташа Стојановска, сектор финансии сметководство.
„Храброста доаѓа од нас како поединци и со тоа што го осигураме нашиот живот, им даваме поддршка на нашите најдраги!“ – Аријана Крацоска, тимот на СН Брокер.
„Тимот е двигател на успешните компании!“ – Александра Рeндевска, стручен соработник во сектор наплата во СН Осигурителен Брокер.
„Ангажманот од Тимот на СН Осигурителен Брокер игра клучна улога за да останеме на врвот.“ – Марија Антоновска Божиновски, сектор финансии – сметководство.
„Упорноста е најголемиот квалитет на оние кои ја постигнале целта. Тие едноставно одбиваат да се откажат.“ – Марија Кукоски – Референт за продажба во експозитура Струга 1, СН Осигурителен Брокер.
„Ако не сме свесни за ризикот, она што го сакаме може да прекине да расте!“ – Марија Биљановска Петроска, администратор во сектор сточарство во СН Осигурителен Брокер.
„Клиентите се двигател на нашата енергија“ – Билјана Јанкуловска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.
„Верувај во личноста што ја креираш, затоа што добрите работи сакаат време! “ –Трајанка Пендева, администратор/референт за осигурување во СН Осигурителен Брокер.
„Добриот план, не би успеал доколку не би го осигурале! Свесноста дека ризикот постои е секогаш дел од него!“ – Розика Крстеска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер, експозитура Кичево.
„Ентузијазам многу, амбиција, дисциплина и тимска работа!“ – Клучни фактори за сигурна добивка и успешен ден! “ – ФРОСИНА ГАГОВСКИ – сектор наплата – СН Осигурителен Брокер.
„Сѐ започнува од мали чекори и едноставен танц, но секогаш може да заврши во голема „игра“ – Павлина Стојановска, СН Осигурителен брокер Сектор финансии и сметководство.
„Стратегијата е во следење на принципите, но продуктивноста е последица на тимската работа.“ – Сања Драгарска, референт на продажба во СН Осигурителен Брокер
„Брзина,ефикасност,тимска динамика! Работата со клиенти е одговорна и значајна компонента за една успешна компанија!“ – Дијана Јовановска – Референт за осигурување.
„Тимот треба да се фокусира на решението, а не на проблемот!“-Дрита Расимоска, Сектор Финансии – сметководство, СН Осигурителен брокер.
„Една година значи 365 можности!“ – Наде Петроска, Стручен соработник во сектор Дополнително здравствено осигурување.
„Потребен е добар план, стратегија и визија која ќе се движи по насоките на тој план. Но да не забораваме на ризикот. “ Татијана Николовска, Референт за продажба – Тетово.
„Успехот е храброст! Можеш да имаш или резултати или изговори, не можеш и двете!“ – Анита Кузмановска, Сектор Финансии и сметководство.
„Тимот е огледало на една успешна компанија!“ – Александра Блажевска, раководител на сметководство и финансии.
„Несебичноста е онаа која те води до целта. Без его, или „фејк“ самодоверба.“ Андријана Стојановска, правник.
„Амбицијата е една од клучните особини за среќа“ – Александра Андоновска, референт за продажба/неживот – СН експозитура Куманово.
„Верувам дека човек не може да искачи планина со рацете во џеб. Позитивната мисла и верувањето дека ќе стигниме до врвот е она што не одржува во кондиција.“ Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси во СН Осигурителен Брокер.
„Упорноста и посветеноста се мои основни двигатели!“ – Благица К. Тодорова, дел од тимот на СН Осигурителен Брокер, сектор осигурување во живот и неживот.
„Чувството дека сум придонела за животите на луѓето околу мене, е мојот мотив!“ – Наташа Спанџевска – Сектор за приватно здравствено осигурување.