Секое дете има право на среќно и безбедно детство
Како најголемо богатство, животот на нашите деца е најголем приоритет. Родителот секогаш се грижи за сигурноста и безбедноста на своето дете. Како релевантен аспект во воспитувањето и грижата за животот на децата, родителот стреми да ја осигура иднината на своето дете. Токму пристапот кон осигурување, има улога на заштита за децата, за стремеж кон безбедно детство како и правилен однос кон обезбедување на нивна финансиска сигурност. Стабилната финансиска основа е фундаментална одговорност на родителите кои треба да им обезбедат светла иднина на своите најмили. Стремежот кон развивање на финансиска свест и односот кон штедењето, создава спокојство. Тоа понатаму прераснува во важна карика за безгрижни денови.
Свеста околу осигурувањето е круциално прашање и одговорност на еден човек
Животот е највредното нешто кое го имаме. Принципот на штедење значи дека не ризикуваме денови во кои ќе чувствуваме притисок и грижа околу непосакувани ризици. Непредвидливите финансиски оптоварувања можат да создадат дополнителен притисок и нарушување на комплетната семејна хармонија.
За нашите деца, секогаш посакуваме најдобри услови и им посакуваме најдобро. Но, за жал не секогаш можеме да им ја обезбедиме иднината која ја планираме. Токму затоа пристапот кон детско штедење и осигурување е привилегија во ова современо општество која мора да се искористи.
Инвестирањето и планирањето во осигурување може да им донесе додатни приходи и финансиска сигурност во иднината на децата.
Мирот на умот е целта која сакаме да ја постигниме и постојано трчаме по таа трка. Кон она место каде ќе бидеме спокојни, затоа што некој секогаш ќе стои на наша страна и ќе не поддржува. Поткрепувајќи се на знаењето дека сте ги заштитиле децата од финансиски ризици, сте заштедиле, значи дека сте им ја овозможиле потребната иднина. Истото пак, значи дека ќе спиете на „мирна перница“ без непотребни стресови, стравови и грижи.
Како општетсвено договорна компанија и некој кој секогаш е на ваша страна, СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ви го претставува пакетот Касичка – детско осигурување со штедење, а повеќе околу истиот, прочитајте на линкот.