СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР СО ПОДДРШКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ЏУДО ВО ПРИЛЕП– Покрај клубови од Македонија, на турнирот настапуваат претставници на клубови од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија и Грција.
СН Осигурителен Брокер АД во рамките на својата стратегија за општествена одговорност и оваа година обезбеди поддршка за традиционалниот Меѓународен турнир во џудо во Прилеп.
Голем број натпреварувачи од клубови од повеќе држави учествуваа на тринаесеттото издание на Меѓународниот турнир во џудо за помлади пионери, пионери и за кадети кој се одржа во спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески Ричко”. Турнирот насловен „Прилеп град херој” , во организација на џудо-клубот „Сеишин” е традиционален. Истиот се одржува по повод Денот на народното востание – 11 Октомври. Покрај клубови од Македонија, на него настапуваат претставници на клубови од Србија, Црна Гора. Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија и Грција.
„СН Осигурителен Брокер со задоволство го поддржаа традиционалниот Меѓународен турнир во џудо во Прилеп. На младите таленти им честитаме на успешниот настап и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина. СН Осигурителен Брокер – општествено одговорна компанија!“, соопштија од компанијата.
На турнирот беа доделени плакети за посебен придонес на развојот на џудото. Целата манифестација беше надополнета и со одбележување на 20 години постоење на Прилепскиот џудо клуб.