Етичност, посветеност, одговорност – Тимот на СН Осигурителен Брокер – Елена Трајчевска Павловска, раководител на сектор за правни работи

Утро, петок, кафе. Се наоѓаме во канцелариите на СН Осигурителен Брокер – дирекција . Некако, веднаш отвораме тема и без многу повод, причина и конкретни прашања, со Елена Трајчевска Павловска, раководител на сектор за правни работи, започнуваме да дискутираме. Кои сѐ обврски ни останале за да ја завршиме тековната недела. Зборуваме за ангажманот и посветеноста и дали ова е работна позиција што отсекогаш Елена ја сакала.

Многу труд, многу верба и многу работа. – започна Елена Трајчевска Павловска, Раководител на сектор за правни работи.

Ставаш посебен акцент на желбите кои ти стануваат приоритет. Ги визуелизираш и  ти веќе си во таа приказна. Жеддта да се биде на ова место, се претвора во амбициозен апетит. Апетит кој освен талентот (кој според мене е само 20 проценти), треба да се насочиш кон многу работа. А освен тоа и стремеж кон нови учења. Правото бара широки познавања, образование и непрекината инволвација во свет кој постојано се менува. Следење и доследност кон општествените норми и закони. Од друга страна функцијата раководител на сектор за правни работи, бара етичност, посветеност, одговорност, говорнички вештини. Исто така организацијата и мултитаскингот е приоритет, затоа што вклучен е и адреналинот од можноста дека нешто непредвидливо може да се случи. 

правни

Што значи да ја сакаш професијата и што всушност значи Раководител на сектор за правни работи?

Да го сакаш она што го работиш значи да едвај чекаш наутро да стигнеш на работа, да се видиш со колегите, тимот и веднаш да започнеш со „жестоки“ дискусии. Жестоки во контекст на продуктивност, на одржување на позитивна енергија кај вработените и детално координирање на работата. Секторот е „засегнат“ во контекст на спроведувањето процеси кои се поврзани со наплата проблематични долгови, кои секако во однос на она што го работи СН Осигурителен Брокер, вклучуваат наплата по основ на склучени договори за осигурување. Должноста на раководителот е да се води и дилигира процесот на корпоративно управување, со фундаментална цел донесување издржани одлуки во контекст на раководниот орган…

Кафе, утро, жестоки дискусии, позитивна енергија, одговорност. Како Елена ги полни батериите надвор од работното место?

Книгохоличар и филмоман се можеби двете нешта кои би ме опишале надвор од мојата канцеларија. За мене, книгата е посебен свет, каде преку релаксиран и опуштен процес можеш нешто да научиш и осознаеш, покрај тоа што ќе се опуштиш. Секое слободно време го поминувам со семејството, со синот и сопругот, а и со нашите пријатели. Домот е изворот на позитивната енергија. Насмевката од моето синче, неговата љубопитност и волјата да го запознаеш со светот кој допрва го очекува, во светот кој треба да го освои, е бесценето. Токму тоа е моето катче, место од каде ги полнам батериите.

Би одвоила ли пет зборови со кои ќе ја опишеш нашата компанија.

Енергија, амбиција, верба и квалитет, професионалност, доследност, соработка и достапност за клиентите… Ок, можеби се повеќе од 5.