Како општествена и одговорна компанија, СН Осигурителен брокер меѓу останатите примати, во својот фокус го акцентира и потенцијалот на младите. Нивната интелектуална моќ, новите идеи, креативноста и амбицијата, се нешто што нашата компанија секогаш го вреднува.
Mладите како потенцијал сакаат да бидат што повеќе вклучени во заедницата
Запознавањето со она што им претстои во кариерата која сакаат да ја остварат во Македонија, е од особено значење. Токму таа ажурност и заинтересираност од страна на младите, значи дека треба да помогнеме во надоградување на нивниот потенцијал.
Во тоа име, нашата компанија започна соработката со факултетите под универзитетот „св. Климент Охридски – Битола“. Преку запознавањето со нашата работа, им овозможуваме практикантска работа на студентите. Сн Осигурителен брокер и во иднина ќе ја продолжи таа пракса со тенденции за што повеќе вработувања на младиот квалитетен кадар.
Околу потенцијалот на младите и неспорната амбиција и знаење, како и околу бенефитите околу праксата која ја стекнаа во нашата компанија, позборувавме со Јован Ристевски и Јована Стојановска, студенти на „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид , отсек осигурување.
Ги запрашавме студентите како се роди идејата за овој факултет и зошто се одлучиле токму за отсек „Осигурување“
Јована: Факултетот за туризам и угостителство, нуди одлични услови за нас студентите. Од тука, ги исполни сите наши визуелни замисли. Токму овој отсек е можност за подлабоко запознавање на оваа дејност, што беше мојата основна желба и претензија.
На истото прашање, Јован ни одговори:
Со оглед на мојата амбиција кон осигурувањето, Факултетот за туризам и угостителство, поточно отсекот „Осигурување” беше вистинска алтернатива. Сметам дека оваа гранка е сѐ повеќе потребна и актуелна, а моите очекувања за личен успех, континуирано се исполнуваат. Од оваа перспектива, го направив вистинскиот избор.
Која е вашата финална претензија во однос на образованието?
Jован: Постојано сакам да се надоградувам во текот на моето студирање. Мојата финална претензија е да се искачам на скалило погоре во однос на студиите. Истакнувајќи ја секогаш подобрата верзија од себе, максимално се вложувам. Стремам кон постојано надоградување и совладување на материјалот. Сигурен сум дека сето тоа ќе резултира во градување на кариерен успех во соодветната идна професија.
И Јована се надоврза на контекстот. Ни раскажа дека нејзината силна желба за изучување на осигурувањето во текот на студиите, се повеќе се зајакна. „Водејќи се од помислата за достигнување на повисок степен на образование, мојата финална претензија, е наоѓање на соодветна професија според добиената диплома.“ – констатира Стојановска.
На прашањето: „Колку практичното знаење што го стекнавте во СН Осигурителен брокер ви помогна во совладување на материјалот?“, студентите поентираа:
Во поглед на практичниот дел, бевме сигурни дека најдобрата соработка која позитивно ќе влијае на нашето студирање, ќе биде во „СН Осигурителен брокер“. Стручниот тим на оваа компанија, вложи преголем труд и во целост ни го пренесе нивното искуство. Евидентно е дека искуството во СН Осигурителен брокер, како едно од водечките брокерски друштва во секторот на осигурувањето, ќе значи олеснителна околност во студирањето и основа за градење на успешна кариера.
Поврзаноста на образовниот кадар и компаниите, според СН Осигурителен брокер, може да доведе до позитивни ефекти на градење на успешно, одговорно и квалитетно општество. Од практичната настава во нашата компанија, студентите стекнуваат гоемо искуство и така заедно создаваме успешен кадар кој понатаму ќе се вложува и ќе гради успешна кариера во професионални структури.