Со доброволно приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за користење на здравствени услуги во рамките на СИТЕ приватни здравствени установи низ цела Македонија.
Со приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за следните здравствени услуги:
· Специјалистички прегледи;
· Основни дијагностички мерења, снимања;
· Лабораториски анализи и испитувања;
· Амбулантски интервенции;
· Комплексни дијагностички постапки;
· Трошоци за лекови пропишани на розов рецепт над 300 ден.
· Дневна болница и дневна хирургија;
· Болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат;
· Трошоци во случај на оперативни зафати во согласност со Листата на операции.
Договорот за ваков тип на осигурување се склучува на временски период од 1 година. Осигурувањето важи на територијата на Република Северна Македонија. Kaкo осигуреници може да се јават сите лица кои се дел од ФЗОМ.
Во една осигурителна година, за лекување од иста причина се покриени трошоци за:
· здравствени услуги кои опфаќаат три специјалистички лекувања со вклучени специјалистички прегледи и соодветни едноставни дијагностички анализи и/или амбулантски зафати;
· комплексни дијагностички постапки;
· хируршки зафати во дневна болница,;
· болничко лекување со операции согласно Листата на операции од основното болничко лекување, со покриеност до 3 дена;
· едно болничко лекување со хоспитализација без хируршки зафат, со покриеност до 3 дена во осигурителната година;
· болнички лекувања со операции согласно Листата на операции од проширено болничко лекување, со покриеност до 7 дена по лекување.
Покриени се стоматолошки услуги како последица на стоматолошки болести или несреќен случај:
· Лекување на кариес – (две услуги во текот на една осигурителна година)
· Вадење длабоко скршен заб, ретиниран, импактиран или длабоко положен заб – (една услуга во текот на една осигурителна година)
· Инцизија (флегмона) – (една услуга во текот на една осигурителна година)
· Циркумцизија и ексцизија на лигавица – (една услуга во текот на една осигурителна година)
· Апикотомија на еднокорен заб – (една услуга во текот на една осигурителна година)
· Апикотомија на повеќекорен заб. – (една услуга во текот на една осигурителна година)
· Обработка и пополнување на коренов канал – (една услуга во текот на една осигурителна година
· лекување на пулпит и периодонтотис – (една услуга во текот на една осигурителна година)
· Обработка (длабока киретажа) на парадонтален џеб на еден заб – (една услуга во текот на една осигурителна
година)
Операциите кои се опфатени со дополнителното осигурување, се дел од Листата на операции.
За повеќе информации слободно обратетесе на следните телефонски броеви 075 807 225