ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

Осигурување живот

ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

Животот е најскапоценото нешто што го поседува секој човек, па треба квалитетно и правилно да се заштити. Токму затоа треба да се пристапи кон она што се нарекува „осигурување на живот“.

За жал, ризиците се неизбежен и составен дел од нашето секојдневие. Токму затоа, одговорно е да знаеме како да го чуваме и штитиме животот. Радоста доаѓа од успехот, а успехот доаѓа како последица на сето она што сте го граделе. Но, ако не го чувате она што сте го постигнале и она што стремите да го постигнете и ако едноставно дозволите скалилата под вас да се рушат, тогаш не би ја почувствувале сатисфакцијата од целта.

Качувањето на врвот не е едноставно доколку ја исклучите комплетната грижа околу плановите. Затоа пристапот кон сето тоа е најважната опција.

Многу често, кога ќе го слушнеме зборот „осигурување“, првата асоцијација ни е осигурување на нешто материјално, на нешта кои се помалку или повеќе занимливи. Но, која е вистинската вредност и кон што треба да стремиме навистина.

Истовремено добивате заштита и штедите

Често забораваме на навиката да одбереме осигурување кое ќе не заштити и ќе ни овозможи финансиска помош. Фактот дека секогаш некој стои зад вас и ви ја овозможува потребната заштита, е олеснителна околност.

Па така, осигурувајќи го вашиот живот, добивате две значајни нешта. Добивате заштита и осигурување на вашиот живот, а истовремено и финансиска заштеда.
Пружете им сигурност на Вашите најблиски, планирајте ја Вашата иднина, штедете и истовремено бидете осигурани. Осигурувањето на живот Ви дава можност да ја обезбедите својата и сигурноста на Вашето семејство со помош на планските вложувања на Вашите сопствени средства.

Со склучувањето полиса за осигурување на живот, во СН Осигуритеен брокер, истовремено добивате осигурување и штедење. Договорениот износ на кој се склучува ова осигурување, зависи од висината на премијата (која се уплаќа месечно, квартално, полугодишно или годишно), избраниот период на траење на осигурувањето и пристапната старост на осигуреникот. Осигурувањето на живот може да се договори да биде во евра или во денари. Може да се осигураат здрави лица од навршени 14 до 65 години.

ВО ПОЛИСАТА СЕ НАВЕДЕНИ ДВАЈЦА КОРИСНИЦИ:
• во случај на доживување (најчесто е самиот осигуреник),
• во случај на смрт на осигуреникот.

ДЕТСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Се осигуруваат деца од 91 ден до 13 години.

Минималната годишна премија е 180 евра, а минималната еднократна премија е 1000 евра.