ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Осигурувањето на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај е задолжително. Имено, ова осигурување значи дека корисниците одосно сопствениците на регистрирани возила за превоз на патници во јавен сообраќај, согласно законот мора и се должни да имаат договор за овој вид на осигурување.

Законот за осигурување на Република Македонија, ја доближува нашата земја до светски трендови во истата област. СН Осигурителен брокер, останува во служба на исполнување и правилна имплементација, како и подобрување на општото разбирање на поимот осигурување. Во случајот, осигурување на патници во јавен превоз. Правилното инволвирање на општата констелација на осигурувањето во свеста на разумното, е нешто кон кое секој човек треба да стреми. Од тука, и токму таа свест за непредвидливите ризици и несреќи кои можат да се случат, особено при патувањето.   

Имено, задолжителното осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај се спроведува согласно одредбите од Законот. Истиот, говори за задолжително осигурување во сообраќајот и условите за осигурување на лица од последици на несреќен случај.

При регистрација на возилата со кои се извршува јавен превоз на патници, правното лице кое е овластено да го обавува тој превоз, задолжително треба да поседува  полиса за осигурување на патници во јавниот превоз.

Со ова осигурување се обезбедува заштита од:

трајно губење на општата работна способност пропишани со Законот за задолжително осигурување во сообраќај.

Осигурени се сите лица, патници во возилото без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на живот. Истото важи за секое лице кое заради патување се наоѓа во едно од средствата за јавен сообраќај. Како и лицата кои се наоѓаат во страничниот простор, пристаништето или во непосредна близина на превозното средство пред влегувањето односно излегувањето, за кое ќе се докаже дека имало намера да патува со средствата за јавен сообраќај.

Опфатени се сопствениците кои вршат превоз на патници во:

  • автобуси со кои се врши јавен превоз во градскиот, меѓуградскиот и во меѓународниот линиски и вонлиниски сообраќај;
  • патнички такси-автомобили и рента кар возила кога се изнајмуваат со возач;
  • автобуси што вршат превоз на работници до работа и од работа;
  • шински возила за превоз на патници;
  • сите видови езерски и речни пловила. Тука се вклучуваат и скелињата и сплавовите со кои на редовни линии или слободно се превезуваат патници. Се вклучува и крстарење и превоз на туристи;
  • сите видови рент-а- кар пловила што се изнајмуваат со најмалку еден член на екипаж;
  • воздухоплови со кои се врши јавен превоз на патници на редовните и на посебните линии или туристички воздухоплови што се користат за кратки прелети и панорамски летови и рента кар воздухоплови изнајмени со пилот;
  • автобуси со кои туристичките друштва ги превезуваат туристите;
  • други превозни средства со кои се превезуваат патници со наплата на превозот.

Осигурените суми од оваа тарифа се сметаат за минимални

Тие се пресметани во денарска противредност по курсот на НБРМ на денот на уплатата. Минималните осигурени суми за еден патник се следните:

• Во случај на смрт 4.500 евра,
• 9.000 евра во случај на трајно губење на општата работна способност
• Во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување 2.200 евра.