ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Автомобилска одговорност

ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

За да се заштитат трети лица и нивниот имот од последици на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни, според законот, да склучат полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со што се осигурува над оместот за штети кои ќе настанат како последица на сообраќајна незгода.

Со осигурувањето од автоодговорност се обезбедува надокнада на штетата. Истата се вели дека би настанала како последица на сообраќајна незгода. Секогаш треба да сме свесни за ризикот од непредвидливост. Склучувањето на договорот за осигурвање од автоодговорност, значи надоместок на штета кон трети лица. Тука се вклучени последиците како:

  • Телесна повреда
  • Смрт
  • Уништено или оштетено моторно возило
  • Нарушена здравствена состојба.

Сите лица кои биле во возилото што било причина за случување на сообраќајната незгода, а и лицата кои се нашле во другото возило како учесник во сообраќајката, имаат право на надоместок.

Со купувањето полиса за автомобилска одговорност вие ја осигурате вашата одговорност кон другите учесници во сообраќајот. Сите материјални и нематеријални штети кои се последица на сообраќајна незгода нема да претставуваат ваша обврска, туку обврска на осигурителната компанија од која сте ја одбрале вашата полиса.

Осигурување од Автонезгода

Осигурувањето од автонезгода е нешто кое се договара во пакет со осигурувањето од Автоодговорност. При ваквиот договор, возачот и сопатниците се осигурани во случај на:

  • Смрт поради незгода
  • Инвалидитет поради незгода.

За секоја година без пријавена штета ве наградуваме со:

  • После 1 година          –           5%
  • После 2 години         –           10%
  • После 3 години         –           20%
  • После 4 години         –           25%
  • После 5 години         –           30%
  • После 6 година          –          35%
  • После 7 години         –           40%
  • После 8 години         –           45%
  • После 9 години         –           50%

Лицата кои се заведени како воени и трудовите инвалиди, добиваат дополнителен попуст од 10%.

Освен финансиските последици кои можат да бидат песдизвикани од сообраќајната незгода и ваквиот немил настан, постојат и други последици. Во прашање секако дека е стресот како фактор кој може да ја загрози удобноста на вашиот живот. Токму затоа е особено важно да ја развиете свеста за постоењето на ваквиот ризик. Заштитете се од финансиски трошоци, стресни последици, во случај на несреќа или судир со вашето возило. Важно и задолжително е да го имате ова осигурување за автомобилска одговорност.