ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИ И ПЛОДОВИ

Осигурување посеви и плодови

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИ И ПЛОДОВИ

Земјоделското осигурување подразбира осигурување на сите земјоделски култури, посеви и плодови во неоживеана и необрана состојба: лозови насади, овошни насади, житни култури, градинарски култури, индустриски култури.

Огромните средства кои сте ги вложиле за вашите плодови и посеви, за жал може да бидат загрозени од временски непогоди. Истите, се повеќе се случуваат во нашата држава. Tокму тоа треба да ја зголеми свесноста за поседување на земјоделско осигурување.

Се повеќе се сфаќа потребата за осигурување на посеви и плодови во нашата земја. Земјоделското осигурување е онаа алатка која им недостигаше во работата на земјоделците. Со договорот за истото, полесно ќе се надомести штетата и секако побрзо ќе може да се обнови производството. Земјоделското осигурување е најсигурниот, најбебзеден и најисплатлив начин да се заштити она на кое до сега напорно сте работеле.  Како и во секој бизнис, така и во овој, треба да се вложува за да се постигне квалитетен и конкурентен производ и да се видат бенефитите и самиот профит. Токму тој е стремежот на земјоделците, а осигурувањето е вложување кое треба да се подразбира во еден ваков процес. Основното осигурување на посеви и плодови опфаќа осигурување од град, пожар, гром

Дополнително можете да се осигурате и од пролетен мраз, поплава, луња.

Информираноста за постоење на земјоделско осигурување е еден од клучните моменти за вашиот бизнис да биде растечки. Зголемената свест на земјоделците, како и знаењето за условите кои ги нудиме, и сето она што го содржи една земјоделска полиса води до т.н. дисперзија на ризикот. Во контекстот, важна е мерката на државата со која се субвенционира 60% од осигурителната полиса или 150.000 денари по стопанство. Понатаму, се нуди опција за плаќање на 12 рати преку Сн осигурителен брокер.

Беспрекорниот квалитет, професионалниот однос и постојаното усовршување се основните начела кои ги следи СН Осигурителен брокер. Нашата мисија е максималната посветеност и отврерност за соработка со нашите клиенти. Доследност кон нивните барања и исполнување на она што е ветено. Почитта и довербата кон клиентот е нашата примарна цел од каде се следи моралот и етиката во работењето. Фер однос на секое поле.