ОДГОВОРНОСТ

И покрај Вашиот труд да ги држите работите под Ваша контрола и сигурност, секогаш постои можност за појава на грешка. Особено, ако притоа последиците од таа грешка ги претрпи некое трето лице. Тогаш, се поставува прашањето за Вашата законска одговорност за настанатата материјална и нематеријална штета. Барањата за обештетување поднесени против Вашата фирма или против поединци можат да бидат високи. Тоа се случува посебно кога станува збор за нематеријалните штети кои не се лимитирани со опипливи вредности. Основаните барања ќе се реализираат и притоа ќе Ви нанесат финансиски загуби, а неоснованите ќе Ви потрошат време и енергија.

Предмет на осигурување е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на ствари на трето лице. Со ова се покрива штета која настанала од Вашата дејност и активности и/или поседување на ствари и/или од Вашиот правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност. Осигурувањето се склучува на сума на осигурување која ја претставува горната граница за надомест на штета по еден штетен настан.

Покрај неа постои и агрегатна сума на осигурување. Таа ја претставува вкупната обврска на осигурувачот за целиот период на траење на процесот и истата е предмет на договор. Изборот на сумата на осигурување е многу важен во овој случај. Причината е што истовремено претставува и износ до кој по претпоставка можат да бидат барањата за отштета на третите лица.

ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОДГОВОРНОСТ ГИ ОПФАЌА СЛЕДНИТЕ ПОТКЛАСИ:

•Осигурување од одговорност на дејност, на нотари, на стечајни управници, на ревизори, на адвокати. Осигурување од одговорност на лекари, на противпожарни друштва, на ветеринари и ветеринарни клиники.

• Исто така, осигурувањето од одговорност опфаќа и:
– Oсигурување од одговорност на згради и земјишта (поседување, т.е. користење),на автосервиси, автомеханичарски работилници и сл., осигурување од одговорност на болници, санаториуми, диспанзери, амбуланти и сл.