Пожар и други опасности
Полисата за осигурување од пожар и други опасности го штити Вашиот имот од ризици. Тие секојдневно му се закануваат на Вашиот долгогодишен труд и вложувања. Со оваа полиса се покриени ризиците како: пожар, експлозија, удар од гром, излевање, град, удар од возило или подвижна машина и други ризици.
Прекин на работа
Избирајќи го осигурувањето од прекин на работа, Вие ни ја доверувате грижата за Вашата компанија. Тие ризици можат да доведат до прекин во работата. Со тоа, можат да нанесат непоправливи последици по однос на деловните позиции на компанијата и да го доведат во прашање финансиското работење.
Објекти во монтажа (ИНДУСТРИСКО/БИЗНИС ОСИГУРУВАЊЕ)
Процесот на изведување монтажни работи носи ризик за конструкциите, машините, опремата, инсталациите и сите останати елементи неопходни во тој процес. Во случај на несакана последица, Ви обезбедуваме финансиска заштита. Таа ќе ги неутрализира заканите по објектот и ќе Ви озвозможи целосна сигурност во изведбата.
Објекти во градба
Осигурувањето на објекти во градба ви нуди квалитетна заштита на изведувачот на објектот од најширок спектар на ризици. Имено, истите можат да ја загрозат изградбата и да резултираат со големи финансиски трошоци. Предмет на ова осигурување можат да бидат објектите кои се новоградба, и оние кои се реконструираат.
Кршење стакло
Со пакетот за осигурување на стакло од кршење покриени се штети од осигурените ризици кои можат да настанат на најразлични видови предмети од стакло, светлосни натписи и реклами, но и мермерни плочи од вештачки камен, пултови, регали, порцелански мијалници и друга санитарија, културни, историски и надгробни споменици.
Провална кражба и разбојништво
Со ова осигурување се покриени штети од однесување, уништување или оштетување на осигурените ствари, како и штети предизвикани со оштетување на градежни делови на простории, инсталации и опрема во кои се наоѓаат осигурените ствари при извршување или обид на провална кражба, односно разбојништво.
Кршење машини
Динамичното опкружување не остава простор за прекинување на работниот процес, до кое може да дојде под влијание на многу фактори, со што ќе бидете изложени на големи трошоци, а Вашето финансиско работење може многу лесно да биде загрозено.Осигурувањето на машини од кршење е најдобриот начин да го спречите тоа.
Компјутери
Со ова осигурување можат да бидат осигурени сите електронски сметачи, печатари, процесни сметачи и слични електронски уреди што се сопственост на осигуреникот и на лицата во заедничко домаќинство. Овие електрични уреди можат да бидат осигурени од кршење, провална кражба и разбојништво и пожар.
ИНДУСТРИСКО/БИЗНИС ОСИГУРУВАЊЕ