Осигурување живот

Животот е најскапоценото нешто што го поседува секој човек и затоа треба квалитетно и правилно да го заштити. Пружете им сигурност на Вашите најблиски, планирајте ја Вашата иднина, штедете и истовремено бидете осигурани. Осигурувањето на живот Ви пружи можност да ја обезбедите својата и сигурноста на Вашето семејство со помош на планските вложувања на Вашите сопствени средства. Со склучувањето полиса за осигурување на живот истовремено добивате осигурување и штедење. Договорениот износ на кој се склучува ова осигурување зависи од висината на премијата (која се уплаќа месечно, квартално, полугодишно или годишно), избраниот период на траење на осигурувањето и пристапната старост на осигуреникот. Осигурувањето на живот може да се договори да биде во евра или во денари. Може да се осигураат здрави лица од навршени 14 до 65 години.

ВО ПОЛИСАТА СЕ НАВЕДЕНИ ДВАЈЦА КОРИСНИЦИ:

• во случај на доживување (најчесто е самиот осигуреник),
• во случај на смрт на осигуреникот.

ДЕТСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Се осигуруваат деца од 91 ден до 13 години. Минималната годишна премија е 180 евра, а минималната еднократна премија е 1000 евра.