Осигурување на имот

Осигурувањето на имот подразбира осигурување на:

• Семејна куќа, стан, помошни објекти, економски објекти, викенд куќа, подни и ѕидни облоги, стакла на врати и прозори, вградени инсталации, котли и вградени печки, бојлери и санитарни уреди во тие објекти,
• Објекти во изградба и објекти и опрема во монтажа (целиот материјал, опрема и сите работи на објектот во изградба и машини, уреди и инсталации кои се монтираат),
• Предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и слично,
• Машини, опрема, залихи и пари.
Осигурувањето на имот вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
• Пожар
• Удар на гром
• Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
• Бура
• Град
• Поплава или потоп
• Јавни манифестации и демонстрации
• Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
• Лизгање и одронување на земјиште
• Снежна лавина
• Провална кражба и разбојништво

Право на надомест

Доколку договорот за осигурување на домаќинство или осигурување на имот е направен со посредство на СН Осигурителен брокер АД Битола, во случај на настанување на штета, СН Осигурителен брокер АД Битола без надомест ќе посредува и ќе Ве застапува пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.

За остварување на правото на надомест по основа на договор за осигурување на имот, потребно е:
• Штетата да е настаната во период за кој имате покритие по конкретната полиса за осигурување,
• Да пријавите штета во друштвото за осигурување што побрзо, а најдоцна во рок предвиден со условите на осигурување,
• Да превземете мерки да ги ограничите штетните последици и да ја намалите штетата,
• Да го известите надлежниот орган (полицијата, пожарна служба и сл.) за настанување на штетата,
• Да обезбедите доказ за претрпената штета.