Живееме во динамично општество каде очигледни се брзорастечките пробивања од страна на технологијата. Иновациите се очигледни и трендовите се фуриозни, а наша задача е истите, постојано да ги следиме. Се разбира, целта на СН Осигурителен Брокер, најуспешнит лидер на осигурителниот пазар во Македонија, е да можеме да овозможиме полесна комуникација со клиентот.
Во денешниот свет, очигледно е дека интернетот доминира и на онлајн универзумот е многу полесно да се извршат одредени услуги. Да се одговори на барањата на клиентот, значи клиентот што побрзо да наиде на информации кои се однесуваат на неговото прашање. Задоволниот клиент е приоритетна основа на СН Осигурителен Брокер. Ги слушаме нивните барања и им го олеснуваме процесот на купување полиса. Неизбежното инволвирање во овој свет, е и од страна на бизнисите и компаниите кои се вклучени во осигурителниот пазар. Според нас, сето тоа треба да се сфати како голем бенефит. Во контекстот, дигитализацијата игра витална улога. Таа е комплементарен фактор што ја диктира и помага комуникацијата со оние чии барања треба брзо и ефикасно да бидат решени.
Преку нашите социјални мрежи, исто така ја зголемуваме интеракцијата. Од тука, клиентите можат да прашаат, коментираат и да го дадат своето мислење. Како компанија која е секогаш на ваша страна, се разбира дека вашето мислење за нас е нешто круцијално. Затоа прифаќаме и позитивни, а и негативни критики. Многу е полесно во овој достапен свет на информации, а доколку истиот би се разбрал и прифатил од доблесниот аспект кој носи профит (во контекстот сфатен како бенефит за клиентот) успехот и за осигуреникот и за осигурувачот е неминовен.
Дигиталните платформи, мобилните апликации и електронските пошти го олеснуваат процесот. Клиентот преку нашата веб страна може да купи онлајн полиса. Со добро објаснување, достапноста на нашиот тим, професионалноста и одговорноста, клиентот ќе го одбере најсоодветното осигурување. Тука сме за да поставите прашање, да ви одговориме јасно, прецизно и точно.
Најновите технолошки движења и иновации и светот на дигитализацијата, позитивно се одразуваат на осигурителниот бизнис. Осигурителните компании стануваат појасни за своите понуди, достапни и ефикасни. Осигурувањето е она кое ги допира сите аспекти на животот на еден човек. Од тука, таргетот на осигурувањето е широкиот дијапазон на генерации, профили на луѓе. Во нашата стратегија, е вклучена многуканалната продажба и дигитализација како комплементарен фактор за олеснување на комуникацијата со нашите клиенти.