Обврска на секој човек е да има место каде ќе ги полни батериите. Одговорноста кон личниот живот, значи свесност дека планот мора да добие дополнителна заштита.
Тоа место и таа обврска ја заштитуваме ние и сме секогаш некој кој е на ваша страна.
Се наоѓаме во нашата дирекција, во канцелариите на СН осигурителен Брокер. „Тимот е најголемиот „виновник“, двигателот на целиот успех.“ – вели Благојче Кулевски, раководител на сектор сточарство.
Всушност ова интервју го направивме сосема случајно, па како и секое утро, некаде помеѓу мирисот на петочното кафе, позитивната енергија и разговорот околу нашите работни планови за последниот ден од неделата, решивме да ве запознаеме со нашиот колега од близу.
Благојче како ја започна твојата кариерна приказна? Тешко ли беше да стигнеш до целта и дали воопшто имаше таргетирана цел?
Се започна од факултетот за Туризм, на отсек „осигурување“ во Охрид. После завршувањето на студиите , започнав студиозно да ја разгледувам опцијата да бидам дел од некоја компанија која се занимава со оваа тематика. Ги разгледав опциите и со добар пан и верба, стигнав на ова место. Секако, неминовно е да се трудиш и се повеќе да стремиш кон уште поголеми цели. СН Осигурителен Брокер овозможува да ја оствариш твојата амбиција, па така со тимот растеме заедно. Така станавме она што сме денес, нескромно истакнувајќи дека сме лидери меѓу брокерските друштва во пазарот на осигурувањето во Македонија.
Што добива клиентот од соработката со нашата компанија?
Круцијална е соработката со клиентот. Довербата е најважното нешто кога станува збор за односот со граѓаните. Нашите клиенти се заштитени. Комплетно им се објаснети нашите услуги и важноста на осигурувањето, без документи со „ситни букви“. Граѓаните со пристапување кон овој чекор, добиваат партнери и пријатели во работата. Како некој кој е секогаш на нивна страна, на страна на клиентот, одбираме соодветно осигурување. Следствено сме дел од целиот тој процес, од давање на понуда до исплата на штета.
А надвор од работата кој е Благојче и во што верува?
Верувам дека секој човек може да биде среќен и исполнет, но со оглед на мојата професија и она што го зборува осигурувањето, верувам дека треба да бидеш сигурен околу твоите планови. Понекогаш колку и да гледаш позитивно и на работите кои се однесуваат на приватниот живот, важно е да си свесен за ризиците. За мене најважно е семејството и најважно е да сум сигурен дека го имам заштитено. Освен тоа верувам во пријателство и секако верувам дека мораш да имаш некоја одредена „обврска“ каде ќе можеш да ги наполниш батериите.
…А која е твојата „обврска“? Каде ги полниш батериите и кое е твоето хоби?
Риболов. На тоа место знам да се одморам и да заборавам на проблемите или било кои дразби или тризери ( во сленг). Дразби кои можат да влијаат на секое поле. Како на приватно, така и работно. Какао што негде имам прочитано или можеби слушнато, во контекстот, кога човек е доволно одморен, знае да најде солуција и би поентирал: „Претворете ги вашите пречки во можности, а вашите проблеми во перспективи.“
Кои се твоите идни планови?
Што се однесува до животот надвор од канцелариите на големото семејство на СН Осигурителен Брокер, најважна ми е посветеноста околу семејството, сопругата и моите две дечиња. Се започнува од тоа место. Секако мојата визија на кариерно поле, продолжува тука, на оваа адреса каде сум и денес. Секогаш ќе сметам и ќе стојам на ставот, дека ова е брзорастечка компанија во која индивидуално и како тим, можеме да успееме и да постигнеме уште поголеми врвови и таргети. А за нашите успеси, зборуваат задоволните клиенти.