Како современа компанија и најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурувањето, СН Осигурителен брокер АД Битола во континуитет вложува во растечкиот капацитет и квалитетен кадар како суштински двигател на развојната компонента на компанијата.
Со повеќе од 40 локации на експозитури, во пријатна и поттикнувачка работна средина, СН Осигурителен брокер, цели кон континуиран професионален развој на вработените кои за нас имаат најголема вредност.
Доколку имате визија, идеја и желба да напредувате на кариерен план, придружете се во нашиот тим и аплицирајте
Испратете ја Вашата професионална биографија ТУКА!
СН Осигурителен брокер
Се потпира на продуктивноста на тимот
Нашата компанија е во постојан чекор со едукација на вработените, правејќи не секогаш во чекор со светските карирерни трендови. Основната алатка за постигнување на успех и притоа задржувањето на истиот на врвот, е знаењето и умешноста на нашите вработени.
СН Осигурителен брокер, вложува во нивното надоградување и едукација и се труди кон уште поголем професионален развој. Со тоа паралелно ја зголемуваме продуктивноста на нашите вработени како и професиналнит однос кон услугите што ги задоволуваат потребите на нашите клиенти.
Вашиот напредок е загарантиран
Самиот факт дека Вашиот избор е да ја отворите вратата на СН Осигурителен брокер, ви гарантира успех. Деловниот пристап кон достигнувањето на целта, последователно ја зголемува вашата самодоверба.
Чувството дека некој ве вреднува, ќе значи дека сте успеале да му одговорите на клиентот и дека сте им помогнале на луѓето. Како општествено одговорна компанија, СН Осигурителен брокер, цели кон токму таа можност. „Убаво е кога некој е секогаш на ваша страна“ е нашето мото, а доколку вашата амбиција е исполнувањето на овие зборови и доколку и вие сакате да бидете дел од тимот кој се грижи, вие сте одличен кандидат кој се наоѓа на вистинската адреса.
Најдобра работна средина
Како лидери на пазарот во осигурувањето, ги следиме светските трендови кои се грижат за вработените. Нашата компанија се заснова на доверба, градење на меѓучовечки односи, мотивација, позитивност, професионално доусовршување, амбиција и непрекинат раст.
Доколку имате визија, идеја и желба да напредувате на кариерен план, придружете се во нашиот тим и аплицирајте.
Испратете ја Вашата професионална биографија ТУКА (Kariera)