Историјата за дополнителното приватно здравствено осигурување, датира многу назад во минатото. Сепак, според еден од нашите извори во 30тите години на минатиот век, на неименуван американски универзитет, група на професори биле првите основачи на ваквиот „пристап“. Професорите здружиле средства. Нивната намена била да покријат евентуални трошоци поврзани со заштитата во поглед на здравјето на клиниката во универзитетот.
Во соработка со Американската асоцијација на болници, во подоцнежните години, таа идеја нашла на широка примена и прифатливост.
Бенефити на доброволното приватно здравствено осигурување
Доброволното здравствено осигурување се повеќе станува задолжителен инструмент за зачувување на животот на поединецот и негова сигурност.
Истото е во улога на гаранција што ни нуди високи услуги кои се однесуваат на комплетна грижа околу нашето здравје. Со него добивате:
-Заштеда на време – без одложување за преглед
– Ги ублажува финансиските последици во случај на болест и незгода
– Опфатени се пакети за превентивна нега
– Подобрување на психофизичкото здравје
– Врвни специјалисти во сите медицински полиња
– Вашиот доктор се грижи за Вас во текот на целото лечење
– Висококвалитетна услуга, без чекање, хотелска удобност
– Модерна медицинска опрема.
Ништо не е поважно од нашето здравје!
Борбата за подобар живот е секогаш присутна. Таа подразбира одлука која иницира внимателност и почит кон нас и нашите најблиски.
Телото е нашиот храм, но колку често водиме сметка за него и целокупното здравје?
Кога здравјето е на наша страна, па здравствените проблеми се непостоечки, па знаеме да заборавиме на основната грижа. Во тие моменти, не се фокусираме кон себе си, нашето физичко или ментално здравје. Но, што се случува после одредена незгода која може да дојде сосема случајно, ненајавено, неочекувано?
Чувството на сигурност е чувство на среќа
Достапноста на специјалистичките прегледи, лекувањата, дијагностичките анализи, општите и стоматолошки прегледи, ги вклучуваат услугите на едно приватно здравствено осигурување.
Тука се надоврзуваат и услугите како хируршките зафати, потребните лекови и финално, рехабилитацијата од одредена здравствена незгода. Комплетното внимание и заштита кон себе си како поединци и кон нашето семејство, се основните чекори за добар живот. Од тука, грижата кон самите себе, всушност претставува еден фундамент кон квалитетно живеење.
Грижата за здравјето е култура, начин и стил на живот, доживотна навика
Навиката да се грижиме или да го интензивираме алармот кон нега на личното, како и колективното здравје е најзначајна. Таа игра суштинска улога за формирање на добра подлога за квалитетен и успешен живот.
Константната нега околу нашето здравје е еден урбан поглед кон светот. Па ако не можеме да го промениме него, можеме да се промениме себе. Но, се започнува од малку, а прашањето е како да оствариме темелни промени?
Одговорот е во прифаќање на можноста за сето тоа „непредвидливо“ да го осигураме во добри раце.
Зошто да изберете приватно здравствено осигурување во СН осгигурителен брокер
Доброволното приватно здравствено осигурување во СН осигурителен брокер, обезбедува покритие со врвна заштита со максимално покритие. Се покриваат трошоците за користење на здравствени услуги во рамките на СИТЕ приватни здравствени установи низ цела Македонија.
Затоа што здравјето на клиентот е наша примарна цел.