Бенефит на полисата за приватно здравствено осигурување. Црвен аларм!Заштитете се!
Бројни и неочекувани се ризиците околу нашето здравје. Во светот во кој живееме, приватното здравствено осигурување станува неопходност. Здравјето е најважниот аспект кон кој е неопходно да го фокусираме нашиот животот кој најпрво е креација на нашето добро здравје. Затоа заштитете се и разбудете ја свеста околу истото!
Доброволното приватно здравствено осигурување е осигурителен производ кој со помош на добро објаснетото и нагласено поентирање дека истото е инвестиција, а не трошок, се дефинира како еден бенефит кој го добиваме. Бенефит кој од своја страна значи фидбек од помошта што си ја овозможуваме кон самите себе.
Ваквиот процес „илустриран“ од наша страна, секако е една симплификација на производот за потенцијалните клиенти.
Будењето на свеста околу доброволното приватно здравствено осигурување значи дека нашата стратешка цел е постигната!
Обезбедување на максимален квалитет и имплементација на сѐ повисоко ниво на услуги е наша задача и обврска кон клиентот. Важни се сите сегменти од спроведувањето на осигурителниот процес.
На нашата веб страна, може да ги видите условите и достапните услуги кои ги нудиме за доброволното приватно здравствено осигурување. Имено, со нив, се покриваат трошоците за користење на здравствени услуги во рамките на СИТЕ најдобри приватни здравствени установи низ цела Македонија.
Мирот на умот во овие тешки времиња е бесценето нешто. Фактот дека некој постојано е тука и се грижи за вашата сигурност, значи дека ќе живеете еден спокоен живот во кој не би постоел страв, сомнеж и несигурност.
Тоа го истакнува и Емилија Десановска, менаџер на сектор доброволно приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен Брокер: „Заинтересираноста за овој вид на осигурување секоја година бележи растечка тенденција. Граѓаните го воочуваат бенефитот со полисата за приватно здравствено осигурување. Достапноста на услугата во приватните здравствени установи станува есенцијална потреба. Со тоа, намената со поседувањето на овој вид на пакет ни овозможува значително олеснување на трошоците.“
Заштитете го она што е најважно – вашето здравје и обезбедете мирна и безбедна иднина во денешниот несигурен свет.