ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Брокерот е самостоен и независен експерт од областа на осигурувањето на имот и лица со повеќегодишно искуство. Брокерот има склучени договори за соработка со сите осигурителни компании на територијата на Република Македонија. Таквата позиција му овозможува на најдобар можен начин да ги застапува интересите на својот клиент. Соработката со брокерот, која не бара никаков финансиски надомест од Ваша страна, може значајно да Ви заштеди време и ресурси кои инаку би морале да ги ангажирате.
Брокерската услуга брокерот ја наплаќа од осигурувачот (осигурителната компанија).
Стандардна процедура е проверката на возилото во Национално Биро за Осигурување на Република Македонија. Доколку со проверка во базата на податоци за штети во Националното Биро за Осигурување утврдиме дека во претходниот период на осигурување не сте имале штета, без разлика во која осигурителна компанија претходно било склучено осигурувањето, Ви го признаваме стекнатиот бонус.
Поимот франшиза означува учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример доколку се склучи каско осигурување со франшиза од 200 евра, а настане штета во износ од 300 евра, на осигуреникот ќе му бидат исплатени само 100 евра од осигурителната компанија, бидејќи неговото учество е 200 евра. Во некои случаи може да се изврши откуп на франшизата со плаќање на дополнителна премија. Во некои видови на осигурување може да се избере висината на франшизата со што се влијае на висината на премијата.
Во случај на промена на сопственикот на осигуреното возило во текот на траење на каско осигурувањето, истото престанува да важи, односно правата и обврските од полисата за осигурување не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопстевник му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во претходниот период не била пријавена штета), а новиот сопстевник е потребно да склучи нова полиса за осигурување.
Доколку зградата во којашто живеете е новоградба и ја обезбедува агенција за обезбедување, секоја дополнителна заштитна мерка, како на пример сеф врата, алармни уреди, камери и слично повлекуваат соодветен попуст.
Патничкото осигурување важи за сите држави надвор од Република С.Македонија
Штета се пријавува лично, во дирекцијата или во некоја од подружниците на СН Осигурителен Брокер АД Битола. Повеќе информации може да се добијат на маил: info@snbroker.mk или на тел. 047/55 33 90.
Во случај на сообраќајна незгода неопходно е да се обрне внимание на следните неколку работи со цел што повеќе да се елиминираат евентуалните понатамошни проблеми: • веднаш известете ја полицијата и повикајте брза помош доколку има повредени лица; • не поместувајте ништо што би можело да им помогне на надлежните органи при составувањето на полицискиот записник за сообраќајната незгода; • преземете ги сите можни мерки за да го заштитите Вашето возило од нови дополнителни оштетувања; • обидете се да ги забележите сите детали во врска со незгодата, особено имињата на луѓето кои учествувале во сообраќајката или пак можат да сведочат за неа, регистарските ознаки и осигурителните компании на сите возила кои директно или идниректно учествувале во незгодата, како и бројот на значките (легитимациите) на полициските службеници кои излегле на местото на незгодата; • инсистирајте да се изврши алко-тест; • прашајте го полицискиот службеник каде и како можете да подигнете копија од направениот полициски записник; • доколку Вашето возило е каско осигурано, штетата може да ја пријавите кај Вашиот осигурувач; • доколку не поседувате полиса за каско осигурување, Вашето оштетно побарување го поднесувате во осигурителната компанија на лицето кој што според полицискиот записник е виновен за настанување на сообраќајната незгода;
Во зависност од видот на повредата се определува и времето кога може да се пријави барањето за надомест на штета. Во секој случај, пријавувањето треба да се изврши најмалку три месеци по завршеното лекување. Пријавата може да се поднесе и порано, меѓутоа процената на повредата од страна на лекар-цензор и решавањето на оштетното побарување се врши во наведениот рок. За сите детални прашања во врска со штетата, можете да се обратите на нашиот стручен тим на маил: info@snbroker.mk.
Домаќинското осигурување на станбените објекти за живеење опфаќа повеќе ризици и затоа се нарекува комбинирано. Овој вид на осигурување ги покрива: • основните ризици во кои спаѓаат: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, град, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала; • осигурување од провална кражба и разбојништво на работите во домаќинството; • осигурување од одговорност кон трети лица во случај на нанесување штета од осигурениот објект на некој од соседните станови; • трошоци за нужно сместување при што во случај на тотална штета на осигурениот објект, доколку нема услови за живеење во тој објект, осигуретелната компанија исплатува надомест како еден вид кирија за престој во станбен објект.
Доколку гаражата е влучена во самата полиса, на денот на правење на полисата, истата ќе биде земена во предвид при проценка и исплата на штетата.
Вредноста на градежниот објект се определува според неговата градежна вредност, односно тоа е износот што во случај на штета би бил доволен за оштетениот градежен објект да се доведе во првобитната состојба во која се наоѓал при приемот во осигурување.
Да. Патничкото осигурување важи само за едно лице и секој што патува треба да извади своја полиса. Доколку се одлучите за групно патничко осигурување, во тој случај треба да се има предвид минимумот од 10 лица потребни за склучување на полисата.
Домаќинското осигурување не опфаќа ваков вид на ризици, но доколку сакате да бидат вклучени, потребно е да се направи дополнителна полиса за осигурување на членови во домаќинство од последици на несреќен случај.