„Штом имаш јасна цел, и највисокиот врв и не е толку далеку!“ – Тања Козовска, референт за продажба – Експозитура Радовиш

СН Осигурителен Брокер е лидер на пазарот на осигурувањето. Компанија која брзо се ширеше и продолжува претенциозно да ја освојува сојата цел, својата визија.

Но, без нашиот тим СН Осигурителен Брокер не би бил на пиедесталното место. Не би ја исполнил својата цел. СН Осигурителен Брокер ја препознава амбицијата, поривот за остварување, успехот и стручноста. Нашата компанија е големо семејство и има експозитури низ целата земја. Денес го пиеме кафето со Тања Козовска од Радовиш, референт за продажба во СН Брокер веќе од 2018 година.

Тања како започнува твоето утро?

Секако со кафе пропратено со планови за обврските кои ме очекуваат во текот на денот и кои треба да се исполнат. Според мене, планот е првиот чекор. Кога имаш добар пан, ништо не е тешко. А според многу експерти во областа на деловниот свет се гледаат и приоритетите. На пример од десет обврски (приоритети) сигурни имаме три најважни. После рангирањето на таа листа, се започнува со најтешкото. А кога ќе го завршиш тоа, сѐ некако тој труд што си го вложил уште во утрото со кафе, некако ти дава волја за да продолжиш понатаму. На крај, оставаш успешен ден зад тебе, што понатаму те прави среќен и во приватниот живот, надвор од канцелариите на нашата компанија.

Дали работиш со клиенти и што значи тоа?

Клиентите се најважни, составен дел од нашиот мозаик. Секако на прво место е тимот, но што би правел тимот без нашите клиенти. СН Осигурителен Брокер ги исполнува сите нивни барања, отворени сме секогаш за соработка и достапни да одговориме на сите прашања.

А надвор од канцеларијата во Радовиш која е Тања? Како го живее животот и кој е таму приоритетот?

Јас сум сопруга и мајка на 22 годишно дете. Секако приоритет е моето семејство и се трудам во секој поглед да бидам концентрирана кон нашата заедничка визија. Секако, таа цел се вика среќа. И надвор од деловниот костум, фундаментално е да бидеме одговорни кон нашиот живот. И кон животот на најблиските. Од десет приоритети сигурно имаш еден кој е најважен. Најважниот за секого, според мене е семејството.

цел

Го испивме кафенцето и удобно се сместивме  на нашето биро. Кога ја сакаш работата, се е лесно. А кога токму таа работа е доблесна и имаш јасна цел, освојуваш најголеми врвови, па така и највисокиот врв и не е толку далеку. Работа, темпо, акција и секако пријателство и отвореност , достапност и соработка кон нашите клиенти.

СН Осигурителен Брокер

Тања Козовска – експозитура Радовиш

Улица 11 Октомври бр. 31