Претпазливоста значи свесност дека немилите и непредвидливи настани можат да се случат, а ако инвестирате во осигурување ќе заборавите на плашливиот стил на живот!
Некои луѓе никогаш не можат да имаат многу. Дали тие ризикуваат? Што значи да си претпазлив и внимателен? Значи ли тоа да тргнеш кон реализација на твојата идеја или воопшто да не започнуваш? Дали треба да сме свесни за непредвидливи настани?
Исто можеш да бидеш многу непромислен, но исто можеш да бидеш премногу внимателен.
Ова од една страна, се вика плашлив стил на живот. Дали животот е ризик и што значи да се биде внимателен? Дали претпазливоста значи воопшто да не започнуваш или да започнеш имајќи ги во предвид непредвидливи настани ? Внимателност значи да си свесен дека може нешто да те спречи во планот. Непланираните ситуации се возможни, па затоа е важно за еден успешен човек да биде сигурен во својата иднина. Токму тоа значи зрелост и правилен пристап. Со еден збор претпазливост.
Секако дека ризикот постои, но во што треба да се инвестира?
Токму во помислата дека постои тој ризик. Вистина е дека ризикуваме со самото тоа што доаѓаме на свет. Ризик е самата помисла на создавање нешто. Ризик е да влезеш во брак, да имаш деца, да отвориш бизнис. Се е ризик. Свесноста дека ризикот е оној кој постои, значи правилен фокус. А за да се промени фокусот кон градење на плашлив стил на живот, би требало да размислуваме на она што се нарекува осигурување на истиот. Само тогаш, не би се плашеле од таа старт позиција.
Со самото сфаќање на осигурувањето како инвестиција, вие се ослободувате од обврската на стравот. Постојано да влијае врз вас и вашиот живот. Таргетирајте било каква цел, но имајте ги во предвид непланираните настани и ситуации во кои може да го донесете вашиот план на „конец “. Кога знаеме дека некој е секогаш на наша страна ние инвестираме во спокоен живот и се штитиме од финансиски и емотивни последици. Токму тоа значи дека сме претпазливи, но сепак започнуваме да креираме. Започнете од таа стартна позиција и осигурајте го она што ви значи.