Здравјето е највисок приоритет за секој човек, а вложувањето во доброволно приватно здравствено осигурување е прв чекор до најдобра здравствена грижа. Ова го посочува Емилија Десановска, менаџер за доброволно приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола.
Со посветена грижа за здравјето СН Осигурителен брокер продолжува со поволности за граѓаните во однос на приватно здравствено осигурување. Со нова акција се овозможува попуст на полисата за приватно здравствено осигурување. Истата е организирана во соработка со СН Мото Центарот во Скопје, членка на СН Групацијата.
Заштитете го здравјето – акција на СН Осигурителен брокер и СН Мото Центар
„Со секоја искористена услуга во СН Мото Центарот следуваат 15% попуст за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување од СН Осигурителен Брокер. Тоа овозможува лекување и користење на здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во државата. Пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува на најдобар начин и под најповолни услови граѓаните да добијат квалитетна здравствена грижа за себе и за семејството.“-вели Десановска. Таа посочува дека редовната цена на пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување изнесува 515 денари месечно. Со акцијата во соработка со СН Мото Центарот, полисата со попуст чини само 438 денари месечно.
Со пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола граѓаните можат да го заштитат здравјето користејќи палета здравствени услуги. Тука спаѓаат специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, стоматолошки услуги, лабораториски анализи и испитувања. Исто така вклучечени се амбулантски интервенции, комплексни дијагностички постапки, трошоци за лекови пропишани на розов рецепт над 300 денари. Граѓаните можат да користат и дневна болница и дневна хирургија, дијагностички и терапевтски зафати, болничко лекување со и без оперативен зафат.
Придобивки од приватното здравствено осигурување
Десановска посочува дека бројни се предностите од користењето на доброволно приватно здравствено осигурување. Истото овозможува пристап до приватните здравствени установи. Граѓаните услугите ги добиваат со пократко време на чекање во здравствените установи и побрзо добиваат дијагноза. Користат и подобра здравствена услуга, бидејќи имаат можност да се лекуваат со посовремена апаратура за дијагностика и медицински третман.
За промотивната понуда на СН Осигурителен Брокер и СН Мото Центарот клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на СН Осигурителен Брокер: www.snbroker.mk или на телефонските броеви: 075 807 225 /15 770 / 075/252-375 / 078/343-534.
Инаку, СН Мото Центарот е нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион. Лоцирана е на ул. Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. Покрај технички преглед, возачите тука можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила. Тука се врши и А-тест, се добиваат Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.