ОСИГУРУВАЊЕ ДОМАЌИНСТВО
Се сеќавате ли како го уредувавте домот? Како со многу ентузијам го биравте мебелот и како се радувавте кога на крајот во него се беше онака како што замисливте? А што е со Вашата компанија? Сега кога конечно се преселивте нови и поубави простории и купивте нова опрема… Дали го заштитивте она на кое толку напорно работевте? Ѕидовите, предметите, сеќавањата… Во СН Осигурителен брокер АД Битола на едно место Ви се на располагање сите видови и пакети за осигурување домаќинство и имот, достапни од сите осигурителни компании во Р.С.Македонија.
Осигурување на домаќинство
Осигурувајќи го своето домаќинство и предметите во него, Вашиот живот ќе продолжи безгрижно што и да се случи, без дополнителни и непредвидени трошоци. Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:
• Станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.
• Предмети во домаќинството, предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
• Одговорност за штета причинета од и спрема трети лица.
• Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.
Сума на осигурување на градежните објекти е вредноста на објектот. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од вредноста на градежниот објект.
Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
• Пожар
• Удар на гром
• Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
• Бура
• Град
• Јавни манифестации и демонстрации
• Паѓање на воздушни летала
• Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
• Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации
• Провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.
Покрај овие, а при дополнителна премија, осигурувањето на домаќинства може да вклучува осигурување и од следните дополнителни опасности (ризици):
• Поплава, порој и високи води
• Лизгање и одронување на земјиште
• Снежна лавина
• Кршење стакло
• Кршење на инсталации
• Незгода – Траен инвалидитет
• Смрт од незгода
• Приватна одговорност
Право на надомест
Доколку договорот за осигурување на домаќинство е направен со посредство на СН Осигурителен брокер АД Битола, во случај на настанување на штета, СН СН Осигурителен брокер АД Битола без надомест ќе посредува и ќе Ве застапува пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.
За остварување на правото на надомест врз основа на договор за осигурување на домаќинство или осигурување на имот, потребно е:
• Штетата да е настаната во период за кој имате покритие по конкретната полиса за осигурување,
• Да пријавите штета во друштвото за осигурување што побрзо, а најдоцна во рок предвиден со условите на осигурување,
• да превземете мерки да ги ограничите штетните последици и да ја намалите штетата,
• Да го известите надлежниот орган (полицијата, пожарна служба и сл.) за настанување на штетата,
• Да обезбедите доказ за претрпената штета.