ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ
Бурата, пожарот или некоја друга опасност, може да предизвикаат огромни штети врз сето она што сте го граделе, вашиот имот и во она што сте вложувале. Несаканите и непредвидливи настани можат да се ублажат или намалат, доколку пристапите кон осигурувањето на имот.
Осигурувањето на имот значи дека сте заштитени и после, за жал, непредвидливите настани и ризици кои можат да се случат. Своевремено, истите непредвидливи настани, можат да нанесат и финансиски последици и грижи како составен дел од нешто неочекувано.
Осигурувањето на имот подразбира осигурување на:
- Семејна куќа, стан, помошни објекти, економски објекти, викенд куќа, подни и ѕидни облоги, стакла на врати и прозори, вградени инсталации, котли и вградени печки, бојлери и санитарни уреди во тие објекти,
- Објекти во изградба и објекти и опрема во монтажа (целиот материјал, опрема и сите работи на објектот во изградба и машини, уреди и инсталации кои се монтираат),
- Предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и слично,
- Машини, опрема, залихи и пари.
Осигурувањето на имот вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
- Пожар
- Удар на гром
- Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
- Бура
- Град
- Поплава или потоп
- Јавни манифестации и демонстрации
- Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
- Лизгање и одронување на земјиште
- Снежна лавина
- Провална кражба и разбојништво
Право на надомест
Доколку договорот за осигурување на домаќинство или осигурување на имот е направен со посредство на СН Осигурителен брокер АД Битола, во случај на настанување на штета, СН Осигурителен брокер АД Битола без надомест ќе посредува и ќе Ве застапува пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.
За остварување на правото на надомест по основа на договор за осигурување на имот, потребно е:
- Штетата да е настаната во период за кој имате покритие по конкретната полиса за осигурување,
- Да пријавите штета во друштвото за осигурување што побрзо, а најдоцна во рок предвиден со условите на осигурување,
- Да превземете мерки да ги ограничите штетните последици и да ја намалите штетата,
- Да го известите надлежниот орган (полицијата, пожарна служба и сл.) за настанување на штетата,
- Да обезбедите доказ за претрпената штета.