ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ

Осигурување животни

ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ

Домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците.

Имено, осигурување на животни претставува вид на заштита која ги покрива ризиците поврзани со животот на вашите миленици.
Осигурувањето на животни вклучува покриена штета за разни непредвидливи ризици, болести, незгоди, повреди, несреќи и слично. Ова значи дека треба да бидеме свесни околу постоењето на непредвидливи ситуации, каде вашиот миленик може да се разболи, повреди или да доживее некоја немила случка.

И покрај големата грижа, животните можат да се разболат

И покрај големата грижа, животните можат да се разболат, да се повредат, па дури и да угинат. Сетоа тоа може да значи дополнителен непланиран трошок, затоа погрижете се за нивно осигурување.

Сн осигурителен брокер како посредник меѓу осигуреникот и осигуретелната компанија покрај останатите видови осигурување нуди и полиси за сточарите односно осигурување на говеда со старосна граница од 1.5 година до 9 години.

Оваа класа на осигурување е подржана од државата која го субвенционира истото со 60% односно 40% премијата ја плаќа осигуреникот. Имено, од животните,осигуреникот може да пристапи кон осигурување на говеда, а за склучување на осигурувањето потребно е животните да бидат здрави и сопственикот да ги осигура сите животни од ист вид со иста намена за одгледување.

Сумата на осигурување се утврдува за секое животно поединечно. При утврдување на осигурената сума задолжително се земаат во предвид индивидуалните квалитети на животното како расата, возраста, продуктивноста, условите во кои се одгледува пазарната цена. Врз основа на овие податоци, се утврдува и вредноста на говедото.

Опасностите од кои може да се осигураат животните се од смрт од болест и смрт од несреќен случај. Односно, осигурувачот ги надоместува штетите на осигурените животни во случај на:

1) пцовисување на животното поради болест или несреќен случај;
2) принудно колење на осигуреното животно поради болест или несреќен случаj.

За да се достави точна Понуда за осигурување, осигуреникот е должен да пополни прашалник за осигурување и достави решение издадено од Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Сн Осигурителен брокер како помагател излегува и во пресрет во делот на плаќање на премијата при што ја покрива премијата на осигуреникот кон компанијата и потоа дава можност осигуреникот да ја плаќа премијата кон сн Брокер на 12 рати.