ЗЕЛЕН КАРТОН

Зелен Картон

ЗЕЛЕН КАРТОН

Радоста која доаѓа од планирањето на одредено патување е неизмерна. Секогаш е присутен авантуристичкиот дух и адреналинот како чувство поради кое можеби ќе заборавите на најважното. Поседувањето на зелен картон значи дека имате чувар кога патувате во странство.

Може да го предвидите патувањето или да го замислите и визуелизирате вашиот одмор, но не можете да го предвидите она што може да ви се случи или последиците. Постоењето на ризици секогаш треба да се има во предвид особено доколку патувате со вашиот автомобил. Несаканите случувања секогаш се присутни и не смеете да ги исклучите затоа што тие се составен дел.

Можеби веднаш би ја избркале таа мисла, но одговорно е човек да мисли на последиците кои доаѓаат од одредени ризици. Свесноста за личната безбедност како и безбедноста на другите околу вас е одговорен пристап, а вие сте оние кои сето тоа може да го размислите.

За жал, можноста за случување на сообраќајна незгода е присутна, па затоа мора да се заштитите. Зелен  картон е проширување на осигурувањето од автомобилска одговорност надвор од територијата на Р.С.Македонија. Тој е исто така задолжителен тип на осигурување и истиот мора да го поседувате кога со возилото ја напуштате државата. Несреќниот случај или незгодата, освен што предизвикува болка, таа носи и други последици. Материјалните штети водат до финансиски трошоци.
Овој тип на осигурување е гаранција дека во случај на штетен настан во кој ќе учествува возилото со кое управувате во странство, штетата ќе биде соодветно надоместена, без разлика дали сте причинител или оштетен.

Премијата (цената на осигурување) на полисата за зелен картон зависи од јачината на моторот кај патничките возила, додека кај товарните возила премијата е фиксна.