СН Осигурителен брокер АД Битола има потреба за засновање на работен однос на следните работни места:

Раководители на подружница – 5 отворени позиции
Реон: Кичево, Штип, Демир Хисар, Кочани и Гевгелија

Како РАКОВОДИТЕЛ ќе бидете одговорни за управување со активности на Експозитурата. Тоа вклучува:

– Беспрекорен квалитет на услуга и постојано усовршување
– Максимална посветeност и отвореност за соработка со нашите клиенти
– Доверба и почит кон соработниците и клиентите
– Етика и морал во однесувањето и работењето
– Интегритет и фер- однос на секое поле
– Проценка на ризик
– Посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие
– Проценка и посредување во реализирање на оштетни побарувања
– Советување на клиенти како да го направат најдобриот избор во осигурување

Потребни квалификациите :

– Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
– Работно искуство во осигурување- директна продажба од минимум 3 година,
– Поседување на брокерска лиценца ќе се смета за предност
– Работно познавање во MS Office
– Чувство за однос со клиенти
– Развиени организациски способности
– Способност за тимска работа
– Возачка дозвола Б категорија

Услови и бенифиции:

– Износ на -плата
– Полно работно време од 40 часа неделно
– Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на наопределено време

Вашата професионална биографија CV пратете ја нашиот е-маил адреса kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.
Напомена : Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Придружете ни се нас и на нашиот професионален тим!