ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Задолжителното осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај се спроведува согласно одредбите од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и условите за осигурување на лица од последици на несреќен случај.

Осигурените суми од оваа тарифа се сметаат за минимални, пресметани во денарска противредност по курсот на НБРМ на денот на уплатата. Минималните осигурени суми за еден патник се следните:

• 4.500 евра во случај на смрт,
• 9.000 евра во случај на трајно губење на општата работна способност,
• 2.200 евра во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување.

 Осигурување лица