ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ТРАНСПОРТ

ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ТРАНСПОРТ

Осигурувањето на стоки при транспорт опфаќа осигурување на сите пратки на стоки кои се превезуваат со туѓи или сопствени превозни средства.

ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ СЕ ШТЕТИ ПРИЧИНЕТИ НА СТОКАТА ПРИ:

• сообраќајна незгода на превозното средство,
• пожар или експлозија од вонредни надворешни причини,
• елементарна непогода,
• кражба,
• оштетување на осигурените пратки за време на транспорт (вклучувајќи и натовар и претовар),
• оштетување на амбалажата и др.

ВИДОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ:

• осигурување со поединечни полиси на поединечни пратки во домашен транспорт,
• осигурување со генерална полиса на пратки во домашен транспорт,
• осигурување со поединечни полиси на поединечни пратки во меѓународен транспорт,
• осигурување со генерална полиса на пратки во меѓународен транспорт.
Осигурувањето стоки во меѓународен транспорт опфаќа осигурување за сите клиенти кои се занимаваат со увоз или извоз на стоки, покритие на пратките кои патуваат на ризик на осигуреникот, од местото на на товар до местото на истовар.
Со осигурувањето од одговорност на превозникот (ЦМР), осигуреникот ја осигурува својата одговорност како превозник спрема корисниците на превозот за докажана делумна или целосна загуба, оштетување или задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или договор.