Осигурување домаќинство

  • Осигурување домаќинство

Се сеќавате ли како го уредувавте домот? Како со многу ентузијам го биравте мебелот и како се радувавте кога на крајот во него се беше онака како што замисливте?
А што е со Вашата компанија? Сега кога конечно се преселивте нови и поубави простории и купивте нова опрема….

Дали го заштитивте она на кое толку напорно работевте? Ѕидовите, предметите, секавањата… Во СН Брокер на едно место на располагање Ви се сите видови и пакети за осигурување на домаќинства и имот, достапни од сите осигурителни компании во Р.Македонија.

Осигурување на домаќинства

Осигурувајќи го своето домаќинство и предметите во него, што и да се случи Вашиот живот ќе продолжи безгрижно и без дополнителни и непредвидени трошоци. Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:

  • Станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.
  • Предмети во домаќинството , предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
  • Одговорност за штета причинета од и спрема трети лица.
  • Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Сума на осигурување на градежните објекти е вредноста на објектот. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од вредноста на градежниот објект.
Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):

  • Пожар
  • Удар на гром
  • Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
  • Бура
  • Град
  • Јавни манифестации и демонстрации
  • Паѓање на воздушни летала
  • Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
  • Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации
  • Провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.

Покрај овие, а при дополнителна премија, осигурувањето на домаќинства може да вклучува осигурување и од следните дополнителни опасности (ризици):

  • Поплава, порој и високи води
  • Лизгање и одронување на земјиште
  • Снежна лавина
  • Кршење стакло

Право на надомест
Доколку договорот за осигурување на домаќинство е направен со посредство на СН Брокер, во случај на настанување на штета, СН Брокер без надомест ќе посредува и ќе Ве застапува пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.
За остварување на правото на надомест по основа на договор за осигурување на домаќинство или осигурување на имот, потребно е:

  • Штетата да е настаната во период за кој имате покритие по конкретната полиса за осигурување
  • Да пријавите штета во друштвото за осигурување што побрзо, а најдоцна во рок предвиден со условите на осигурување
  • Да превземете мерки да ги ограничите штетните последици и да ја намалите штетата
  • Да го известите надлежниот орган (полицијата, пожарна служба и сл.) за настанување на штетата
  • Да обезбедите доказ за претрпената штета.
2018-11-12T15:12:35+00:00