Известување за клиенти

Известување за клиенти – консултација и асистирање при пријава на штети и реализирање на оштетни побарувања во услови на епидемија

Почитувани клиенти,

Со цел минимизирање на сите ризици поврзани со епидемијата на COVID-19, СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, продолжува да презема превентивни мерки во согласност со препораките на надлежните институции во државата и да го прилагодува начинот на функционирање, со цел заштита на вработените и клиентите и превенција на натамошното ширење на вирусот.

Имајќи ги предвид тековните случувања, СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, воведува нов начин на консултација и асистирање при пријава на штети и реализирање на оштетни побарувања, кој што ќе им обезбеди на нашите клиенти најефикасна поддршка во овие предизвикувачки околности.

Доколку имате потреба од СЕКТОРОТ ШТЕТИ во периодот што следи, Ве замолуваме да ги следите долунаведените насоки:

1. Оставете порака по електронски пат на нашата адреса steti@snbroker.mk, вклучувајќи ја целокупната документација со која што располагате за штетата. Повратно ќе ви доставиме обрасци за пријава на штета и инструкции за нивно пополнување.

2. При неможност за комуникација по електронски пат како и за штетите за кои е потребен неодложен увид, можете да се обратите во просториите на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, СЕКТОРОТ ШТЕТИ во периодот од 9 до 11 часот, секој работен ден.

3. Ве молиме, во случај на веќе пријавена на штета, да се погрижите да ги приложите сите дополнителни документи неопходни за реализирање на оштетно побарување, a за кои има потреба од дополнителна документација, исто така да ни ја доставите по електронски пат на адресата steti@snbroker.mk, при што треба да се повикате на бројот на штетата.

Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.

Со почит,

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

2020-03-16T17:29:42+01:00