Осигурување од автомобилска одговорност

  • Автомобилска Одговорност

За да се заштитат третите лица и нивниот имот од последици на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни, според законот, да склучат полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со што се осигурува надоместот за штети кои ќе настанат како последица на сообраќајна незгода. Со купувањето полиса за автомобилска одговорност Вие сте си ја осигурале Вашата одговорност кон другите учесници во сообраќајот. Сите материјални и нематеријални штети кои се последица на сообраќајна незгода нема да претставуваат Ваша обврска, туку обврска на осигурителната компанија од која сте ја одбрале Вашата полиса.

2017-04-26T12:17:29+00:00