Осигурување на земјоделие

  • Осигурување земјоделие

Одберете безбедна иднина – осигурете ги вашите посеви, плодови и животни.

Голем дел од територијата на Република Македонија е прекриен со обработлива земја, што претставува основен услов за земјоделска и сточарска дејност.

Инвестирањето во модернизирање на условите за работа, како и достигнувањето на подобар квалитет и подобар пласман на пазарот се од огромна важност за развојот на земјоделието, како една од најважните економски гранки во нашата држава.

Осигурување сите земјоделски култури во неожнеана и необрана состојба. Се осигурува очекуваниот годишен принос, којшто се одредува при склучување на осигурувањето.

ВКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ

Основни ризици коишто коишто се покриваат со осигурувањето се :

  • Град;
  • Пожар;
  • Гром.

Ви препорачуваме, покрај основното осигурување да склучите и дополнително осигурување, со коешто ќе ги заштитите посевите и плодовите од:

  • Пролетен мраз;
  • Поплава;
  • Луња.

СУБВЕНЦИИ

Одберете безбедна иднина, само 40% од висината на премијата се Ваша обврска и можат да се покријат на рати, додека останатите 60% ги субвенционира државата.

УСЛОВИ ЗА СУБВЕНЦИИ

  • Доставете потврда од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој и обезбедете полиса за осигурување.
2018-03-16T12:40:57+00:00