Признанието како победник во областа на осигурувањето на манифестацијата „Најуспешни битолчани“ за 2016 година во областа на осигурувањето го доби СН Осигурителен Брокер.

СН Осигурителен Брокер во последно време бележи исклучителен брз  раст во однос на полисирана премија и извршени услуги на осигурениците. Таа минатата година  го доби статусот на најбрзо растечко финансиско и осигурително  друштво на пазарот во Република Македонија.

Минатата година беше прогласен за најдобар осигурителен бренд кое ја зголеми осигурителната премија за над 90 отсто.

Признанието го прими Христо Кондовски, еден од двата извршни директори на СН Осигурителен брокер.