Осигурување на имот

  • Осигурување имот

Осигурувањето на имот подразбира осигурување на:

  • Семејна куќа, стан, помошни објекти, економски објекти, викенд куќа, подни и ѕидни облоги, стакла на врати и прозори, вградени инсталации, котли и вградени печки, бојлери и санитарни уреди во тие објекти
  • Објекти во изградба и објекти и опрема во монтажа (целиот материјал, опрема и сите работи на објектот во изградба и машини, уреди и инсталации кои се монтираат)
  • Предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и сл.
  • Машини, опрема, залихи и пари.

Осигурувањето на имот вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):

  • Пожар
  • Удар на гром
  • Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
  • Бура
  • Град
  • Поплава или потоп
  • Јавни манифестации и демонстрации
  • Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
  • Лизгање и одронување на земјиште
  • Снежна лавина
  • Провална кражба и разбојништво

Право на надомест
Доколку договорот за осигурување на домаќинство или осигурување на имот е направен со посредство на СН Брокер, во случај на настанување на штета, СН Брокер без надомест ќе посредува и ќе Ве застапува пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.

За остварување на правото на надомест по основа на договор за осигурување на имот, потребно е:

  • Штетата да е настаната во период за кој имате покритие по конкретната полиса за осигурување
  • Да пријавите штета во друштвото за осигурување што побрзо, а најдоцна во рок предвиден со условите на осигурување
  • Да превземете мерки да ги ограничите штетните последици и да ја намалите штетата
  • Да го известите надлежниот орган (полицијата, пожарна служба и сл.) за настанување на штетата
  • Да обезбедите доказ за претрпената штета.
2017-05-11T10:11:00+00:00